Од денес нови правила ако носите 10.000 евра или повеќе во џеб при излез и влез од ЕУ

  • By admin
  • јуни 2, 2021
  • 0
  • 8078 Прегледи

Нови правила за контрола на пари во готово и вредни предмети што влегуваат и излегуваат од ЕУ ќе стапат од денес.

При што сите патници кои влегуваат или излегуваат од територијата на ЕУ ќе треба да пополнат декларација доколку носат 10.000 евра или повеќе во валути или еквивалент на таа сума во други валути, како и во други начини на плаќање како што се патнички чекови или меници.

Од Европската комисија наведуваат дека новото правило е дел од напорите на ЕУ во борбата против пер ењето пари и изворите за финансирање.

Од утре во ЕУ ќе се применуваат бројни измени што дополнително ќе ги заострат правилата и уште повеќе ќе го отежнат движењето на големи количини на „неоткриена“ готовина.

Прво, дефиницијата за „готовина“ според новите правила ќе се прошири за да вклучува златници и одредени други златни предмети.

Второ, царинските власти ќе можат да постапуваат и по износи помали од 10.000 евра, кога има индиции дека готовината е поврзана со кр иминална активност.

Конечно, царинските власти исто така ќе може да побараат изјава кога ќе забележат дека готовина од 10.000 евра или повеќе се испраќа без придружба од пошта или курир.

Новите правила ќе обезбедат надлежните органи и националните единици за финансиско разузнавање во секоја земја-членка да имаат информации потребни за следење и решавање на движењето на готовина која може да се искористи за финансирање на не легални активности, заклучуваат од Брисел.

Оваа информација пред се треба да ја знаат нашинците во дијаспората кои ги има во поголем број а кои овој период од годината започнуваат да си доаѓаат на годишен одмор во нашата држава.