Никола Груевски не седи со скрстени раце во Унгарија: Реши да прави пари

  • By admin
  • јули 28, 2021
  • 0
  • 5522 Прегледи

Речиси три години по бегството од Македонија, поранешниот премиер Никола Груевски стана бизнисмен, открива Дојче веле. Тој регистрирал фирма со широка деловна активност во гратче во близи на на Будимпешта.

На дваесетина километри источно од Будимпешта се наоѓа малото гратче Пецел. Ни историјата, ниту актуелните вести на интернет-страницата на местото, кое е дом на вкупно 14.328 жители, не откриваат ништо особено за гратчето чии најпознати синови (според Википедија) се еден поранешен унгарски министер за одбрана и еден фудбалер.

Но жителите на Пецел – чие име според локалните историчари потекнува од словенскиот сложен термин кој означува „пет села“ (пет цели) – имаат нова причина за задоволство.

Нивната, доста штура, страница на Википедија во иднина може да биде збогатена со името на уште еден истакнат сожител: Никола Груевски, поранешен премиер на Република Македонија.

Куќа на улицата Бошкаи број 9 од 14 јули годинава е дом на новата фирма на експремиерот- Друштвото со ограничена одговорност И.Ц.И.Ц (I.C.I.C.). Според документите објавени во унгарскиот Централен регистер на фирми, лицето Никола Груевски, роден на 31 август 1970 година од мајка Надежда Мијалкова, побарал и добил одобрение да почне бизнис со фирма чие седиште е во Пецел на горенаведената адреса.

Од увидот во документите до кои дојде Дојче веле, може да се прочита дека Друштвото со ограничена одговорност на Груевски планира широки бизнис активности во најмалку 10 различни сектори.

Согласно унгарските закони за секоја бизнис активност компаниите добиваат посебен даночен број, а Груевски очигледно не сакал да биде ограничен во однос на трговијата, па ги регистрирал речиси сите кои му стоеле на располагање.

Па така, фирмата на експремиерот ќе може да врши трговија на големо со порцелан и стакларија, како и со средства за чистење; трговија на големо со храна, пијалоци и тут ун; како и со други разновидни ст оки.

Експремиерот планира да биде активен и во сферата на управување со имоти (холдинг), во бизнис менаџмент, а ќе има можност да си ја проба среќата и во комуникациите со јавност, рекламирањето, во истражувања на пазари и испитување на јавно мислење, како и во организација на конференции и трговски изложби.

Регистрацијата на фирмата со сите овие трговски можности го чинела Груевски точно три милиони унгарски форинти или 8.350 евра.

Целата сторија може да ја проследите на Дојче веле на македонски јазик