Неповолни вести за Македонците од Германија и Франција на кои што пасошите им се истечени

  • By admin
  • јули 3, 2021
  • 0
  • 14402 Прегледи

Продолжувањето на важноста за уште 6 месеци на истечените пасоши ќе го признае само државава. Законските измени за патните исправи започнаа од вчер, но ниту една странска земја не потврдила дали ќе прифати нашите граѓани да можат слободно да влезат со патна исправа со истечен рок.

Од Министерството за надворешни работи велат дека се обиделе да им го олеснат пристигнувањето и заминувањето на нашите граѓани во сезоната на летни одмори.

„Сепак, прашањето е до другите земји дали аргументите на нашето известување ќе бидат прифатени или не. Имаме различни искуства, добивам информации дека некои земји бараат пасошите да бидат валидни.

Но, ние се обидуваме да разговараме дека ако не се исполнат условите, бидејќи како што згаснува пандемијата, ќе имаме можност да го укинеме карантинот и ќе започнеме со нашите тимови да ги сликаме граѓаните за да ги добијат новите пасоши.

Ова беше обид да се олесни онаму каде што можеме, но не значи дека овој закон ќе ги реши сите проблеми на слободно движење за време на пандемијата“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Од МВР појаснуваат дека законот е ист за сите кои сакаат да влезат во земјава, но и за оние кои сакаат да отпатуваат во странство. Сепак, од МВР препорачуваат патувањето са вакви пасоши да биде последна опција.

Ако ве послужи среќата тогаш само така летово ќе може да патувате во странство или пак од странство да си дојдете дома, откако МВР одлучи да го продолжи рокот на важаење на патните исправи до крајот на 2021 година.

Граѓаните деновиве се соочуваат со сериозни проблеми во случаи кога им се истечени пасошите. И покрај фактот дека МВР и МНР велат дека сите држави се информирани сепак министерот за надворешни работи Бујар Османи ретерираше и сега вели дека тоа не е никаква гаранција. Граѓаните не знаат дали да играат на картата среќа и да патуваат со истечни пасоши.

„Според германските законски прописи на македонските државјани им е потребна важечка патна исправа за влез и престој во Германија“, велат од германската амбасада во Скопје.

Како и во Германија така и во Франција се почитуваат законите на Француската република а тоа значи дека истечени пасоши не важат.

Неофицијално, на граничните премини со Бугарија македонснките државјани се пропуштаат во земјата но само ако транзитираат низ неа но е и да останат да престојуваат таму.

Портпаролот на грчаката амбасада во Македонија, Константинос Прокакис вели дека Грција добила само неофицијлана информација од македонското МНР.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

„Ние добивме неофицијална информација од вашето министерство за надворешни работи и нашите служи ја имаат во предвид целата ситуација.“ – изјави Константинос Прокакис портпарол на амбасадата на Грција.