Животот не секогаш е наклонет кон нас и не оди во посакуваниот ритам кој го сакаме и замислуваме, и често знае да даде многу предизвици.
Со тие предизвици треба да се соочиме и да ги поминеме. Но што ако целиот живот едно семејство е соочено со многу предизвици.
Немање на основното и немање на минимални услови за живот. Насмевка и ведрина скоро и да нема, само црнило и голема неизвесност.
Со овие зборови можеме да го опишеме животот на семејството Стојковиќ од Долјевац, кој го сочинуваат Ненад, неговата сопруга и ќерка.
– Не сум вработен, немам ниту струја, ниту вода, што повеќе од ова. Живееме во буквално една функционална просторија.
– Кога готвиме, користиме плин, но зависи кога како, бидејќи сме слаби со финансии. Ќерката патува на училиште а картата мораме ние да ја платиме која изнесува месечно 6.700 динари.
– Зимото е доста тешко, тогаш сме во прекин со социјалното, не добиваме тогаш. А и работа нема доволно тој период, вели Ненад.
– Поради ситуацијата во која се наоѓаме, ќерката често пати ја избегнуваат на улилиште и воопшто каде ќе се појави, вели Ненад.
– Кога би имал една стабилна работа, ситуацијата многу би ми се променила и би ми значело многу за мене и моето семејство, вели Стојковиќ
– За жал ова семејство не единствен ваков случај во околијата, таквите случаеви се заборавени, вели хуманитарецот Дејан Марковиќ при посетата на ова семејство.