Небојша: Трендот сега е да се живее во село, овдешниот живот за ништо не го менувам

  • By klaster1
  • мај 19, 2021
  • 0
  • 360 Прегледи

Во емисијата „5 минути со …“ на Јутјуб, се запознавме со Небојша Тодоровиќ (25) од Рајац близу Чачак, кој реши да остане на село и да се занимава со земјоделство.

Небојша е за вљубен во местото каде што е роден и не планира да се пресели во градот.

– Одлучив да останам на село првенствено поради природата и поради подобриот амбиент и едноставно подобриот живот – вели Небојша.

Животот во градот не е опција

– Јас не живеев во град и не би сакал да живеам во град бидејќи ми пречат гужвите и брзиот живот, се чувствувам послободно во селото.

– Би ги поканил моите врсници да живеат на село, бидејќи за нив е подобро и тие имаат поголема слобода. Некако е тесно во градот и тие ја немаат таа слобода, како што имаме ние на село.

На прашањето што е успех за него, тој одговара кратко и јасно: Успехот е семејство за мене.

Дали девојките сакаат да се забавуваат со момчињата од селото?

– Да, има девојки кои сакаат да дојдат во селото, иако е тешко да се живее на село, поради финансиски проблеми, ниски цени на производите. Поради тоа, некои го избираат градот, иако е многу поубав на село.

– Не мислам дека децата на село се по слободни. Тие имаат повеќе простор, слобода, поздрав живот.

На спомнувањето на работите што се карактеристични за градот, Небојша одговара со своето набројување: Убава околина, природа, свеж воздух и деца.

Тоа што го има во моментот вели тој не би го менувал за ниту едно богатсво, бидејќи животот кој го живее несака ништо да му менува.