На само десет години девојчето основа бизнис и живее на висока нога: Носи скапи брендови и има автомобил од 200.000 евра

  • By klaster3
  • април 25, 2022
  • 0
  • 395 Views

Повеќето десетгодишници главно се грижат само за завршување на домашната работа, за играње игри или поминување време со пријателите, но не и Пикси Кертис.

Оваа ученичка од основно училиште има луксузни автомобили и носи само дизајнерска облека, а сето тоа благодарение на успешниот бизнис.

Компанијата Пикси’с Пикс продава детски играчки, облека и додатоци, а сè што произлегува од оваа работилница е лично одобрено од 10-годишната Пикси.

Инстаграмот на оваа млада инфлуенсерка, управуван од нејзината мајка Рокси, е полн со фотографии и видеа од девојката како позира во облека од луксузни брендови како Фенди и Балмаин.

Пикси понекогаш има дури и долги, акрилни нокти и го купи својот прв пар штикли. Но, очекувано – ваквиот начин на живот на толку млад човек не им се допаѓа на сите.

Па мајката на Пикси често е ме та на крит ики и добива остри коментари. Рокси веќе потрошила неверојатни 200.000 евра на автомобили за нејзината ќерка:

„За мене најважно е што таа и нејзиниот брат се бе збедни во автомобилот кога ги возам и ги враќам од училиште. Така што тоа практично е автомобил за нив, се разбира, таа не вози ние ја возиме во неа кога е потребно“.

Оваа мајка, заедно со малата Пикси, официјално започна бизнис со играчки во мај 2021 година, а сите играчки што ги понуди на пазарот беа распродадени за 48 часа.

И не само тоа, компанијата во првиот месец од своето постоење заработила над 150 илјади евра. Г-ѓа Рокси објасни дека сето тоа го направила за нејзината ќерка „да може да се пензионира на 15 години, ако сака“.

„Воодушевена сум што има толку развиен претприемачки дух на толку млада возраст. Тоа е најголемата работа во оваа приказна, нејзиниот порив да биде претприемач“, рече мајката, која живее со своите деца и сопругот во вила вредна 6,6 милиони долари во Сиднеј.

Пикси за својот 10-ти роденден доби чанта Прада и флип-апостолки Баленсијага, а во нејзина чест беше организирана раскошна забава.

Таа, исто така, сподели прилично екстр авагантна листа со желби за една ученичка на Инстаграм за Божиќ, која вклучуваше нов телефон и крем против стареење.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.