Ристе од штипско од кандидат за градоначалник може да стане бездомник со своите две мали дечиња

  • By klaster1
  • јуни 11, 2021
  • 0
  • 10327 Прегледи

Од кандидат за градоначалник во 2013 година за Општина Карбинци, денеска господин Ристе од село Долни Балван, мака мачи со извршители и судови. Со многу мака, напор и труд создава семејство, топол дом, денеска се соочува со ситуација да треба да се исели од истиот.

Неговата животна го лгота започнува пред неколку години, отакако по исплатена милионска сума пари Бањоглав утринава повторно се соочува со стара слика, налог да се исели од неговиот дом, во кој тој живее со неговата мајка, сопруга и две малолетни деца.

„Да не даде Господ да се случи на никој, исто како 1944/43 национализација истото се случува. Прашувам јавно и Премиерот и Претседателот на оваа наша држава.

,,Дали јас имам право за живот со две мали деца да дојде извршителот на платен долг да ми го земе имотот да го обезвреди и да ми го земе и да го продаде на некој кој сака да го купи за смешни цени.“ – кажа Ристе.

– Моментално одгледувам јас 100 кози, произведувам сирење, произведувам исо така козјо месо кое го пласирам исклучиво во Скопје или овде во Штип.

Пред година и половина господинот Ристе се соочил со овој проблем. Бил иселен од неговиот дом на сила, за денеска повторно да ја доживее истата приказна.

-Пред скоро една година, дојдоа извршители и ред други работи, ми ги собраа работите, но благодарение на јавноста, благодареније на добрите луѓе ни ги вратија работите назад, вели Ристе.

Утринава екипите на полициските службеници заминаа од домот на господин Ристе, но овде не завршува неговата животна го лгота. Услов е единствен тој и неговото семејство да го напуштат сопствениот дом.

„Цели 30 години сум вложувал труд за да направам нешто за сега да го изгубам за една ситница или за извршителка на мојот грб да оди на одмор во Дубаи“ – посочи Ристе.

– Јас сум вложувал, цел живот сум овде, а ако ми каже некој дека сум непожелен слободно, јас ќе се иселам, или да ми каже дека сум должен, ќе платам, уште еднаш тврдам дека тука станува збор за организиран кри минал, заклучува Ристе.

За ситуацијата во село Долни Балван, одговор побаравме и од извршителката, но таа со одговор дека нема коментар за медиуми.

Ова не е прв ниту единствен случај на ваква слика во државата. Пред само два дена со иста ситуација се соочи и семејство Трајкови од Штип.