Периодов многу луѓе го користат за да заминат на одмор покрај море, а тоа најчесто го прават со автобус, авион или пак автомобил.
Пред извесен период читавме за тоа како со популарниот 101 на Застава луѓе патуваат на одмори во Грција, Турција и другите места.
Овојпат едно момече од Белград отиде чекор понапред и го направи она кое што на многумина не би ни помислиле.
Ако со 101 може да се стигне до морето, може и „Ферарито од Нов Белград“, како што покажа еден млад човек кој на Јутјуб се претставува како Калимеро ИМТ и кој патувал 13 часа до Јадранското Море, Стружец кај Поповача.
280 километри, 13 часа возење и 60 литри масло беа доволни за Калимеро да стигне од Стружец до Новиград во Хрватска.
Тракторот ИМТ 558и ги издржа сите на пори и со кратка пауза да додаде вода во ладилникот и масло во резервоарот, стигна до брегот на Јадранот.
Според најавите на каналот, Калимеро со своето црвено милениче кое има рогови на предната страна, е во обиколка на должината и широчината на Хрватска
Своето патување го започнал во пет часот наутро, а до морето стигнал околу шест часот навечер.
„558 е неу ништлива машина и со неа ќе се вратам дома“, рече меѓу другото кога пристигна во Новиград, каде што се паркираше веднаш до морето.
Нема што, голем потег со кој веќе привлече внимание и дополнително ќе привлече, а еден ден на своите деца и внуци ќе има што да раскажува.