Наташа од Крива Паланка: Не можам до надвор да излезам, на детето му се исмеваат поради мојата состојба

  • By klaster2
  • октомври 30, 2022
  • 0
  • 540 Views

Наташа Димитровска пред десет години секој слободен момент го користела за пешачење низ маалото каде живее и градот Крива Паланка.

Посебно омилени и биле зимите кога со сопругот шетала по снегот. Од здравствени причини таа нагло ја зголемува тежината која веќе три години ќе ја закова за кревет и нема да и дозволи да излезе подалеку од дворот на куќата.

Половина час мие садови, еден час го постила креветот, спие во седната положба за да не се за души. Кога би го решила проблемот со гојазноста ќе рече таа, никогаш повеќе нема да дозволи да го има истиот проблем.

Jа бо лат погледите и потсмевот од луѓето кои не разбираат низ каква бо лка минува таа. За жал во моментот со платата од сопругот невозможно е да се изложи на било каква интервенција затоа што едвај и вака преживуваат.

Поради нејзината состојба му се исмеваат на нејзиното дете, а таа не поради состојбата едноставно не може да биде добра домаќинка.

Ваквата состојба ја спречува и да работи, па така сврзува едвај крај со крај. Таа по потекло е од Богаданци но љубовта кон Мирче ке ја донесе во Крива Паланка.

Токму сопругот и синот се приморани да ја одменуваат и да работата дел од нејзината работа, а најмногу и е на мисла да не го остави на цедило детето.

– Не сум била ниту премногу слаба ниту дебела, се започна пред три години, каде од ден на ден започнав се повеќе и повеќе да се дебелеам.

– Испитавме се и скриен и нормален шеќер и жлезди и сите можни забо лување, но нема ништо од тоа, а јас континуирано се дебелеев, вели Наташа.

– Многу ми е тешко вака што ја гледам како се ма чи, давам се од себе да помогнам, ја водевме на многу места, пробавме од интернет разни начини, но едноставно како да нема спас, вели со солзи Мирче.

– Кога би имала шанса и средства би отишла на зафат за да ми се подобри ситуацијата, вака навистина не можам повеќе, вели пред камерите на ,,Срце на дланка” Наташа.

– Една година не сум отишла во градот, а и кога одам мора да одам со такси. Спијам во седечка положба бидејќи ако лежам можам да се загу шам, додава таа во емисијата Срце на дланка.

Доколку сакате да и помогнете на Наташа на било каков начин тоа може да го сторите на телефонскиот број 077 806 667 или на трансакциската сметка 200003534591819 – Мирче Димитровски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.