Мотивација за вакцинација: Бесплатен ручек за тие што ќе примат вакцина во кафеана

  • By klaster1
  • мај 6, 2021
  • 0
  • 355 Прегледи

Постојат многу полемики околу вакцинацијата и мислењето на народот е поделено, додека едвај чекаа да пристигне и да се вакцинираат други се колебаат.

Некој сметаат дека таа ќе има последици кон нив, а други сламката спас ја бараа во нив. Кај нас вакцините се достапни скоро за сите што сакаат да се вакцинираат.

Во соседна Србија, која прва на Балканот доби многу вакцини, односно од сите страни, па дури и нашици одеа  и се вакцинираа.

Една ресторан во Крагујевац  ,,Библиотеката на Милутин, нуди бесплатен ручек за сите кој ќе се вакцинираат независно од која вакцина. На менито има од гулаш па се до скара.

-И сами знаете дека многу луѓе се колебаат дали да ја примат дали да не ја примат вакцината, размислуваа но кога ја видоа нашата кампања рекоа ,, Ако ја примаме вакцината барем во кафана да ја примиме”, вели низ смеа сопственикот на овој објект Ставро Рашковиќ

Тој истотака со овој потег сакал да привлече внимание и поради отварањето на угостителските објекти, кој поради пандемијата, работат со мал интензитет, и само во отворените делови.

-Мислам дека нашата професија, односно угостителството е најмногу погодена од сите субјекти, и сакаме да се вратиме што побрзо во нормален колосек и да работи и се дружиме.

Граѓаните можеа да изберат со која вакцина би се вакцинирале Фајзер/Бионтек, или кинеската Синофарм.

-Со вакцинацијата многумина беа исплашена од причина што во медиумите се пишуваат многу работи, многу нестручни луѓе даваа мислење за вакцината.

-Генерално таа имунизација е смислена многу одамна и спасила многу животи, вели докторот Стефан Ботриќ

Сталните посетувачи на овој локал дадоа позитивен сигнал на оваа акција.

-Би се вакцинирал и на друго место, но поентата е да биде овде во ресторантот, и ми е многу мило што вака испадна.

– Се дигна мнгоу фама околу вакцинацијата, но јас смета дека тоа е впрочем и како обична сезонска вакцина, велат посетителите на овој угостителски објект.