Многумина говорат за херојскиот потег на Стефан со кој спасил млади човечки животи

  • By klaster1
  • јули 9, 2021
  • 0
  • 1028 Прегледи

Сосема случајно, роденденската забава за Стефан Арсениевиќ била пресвртница во неговиот живот и повик да стане она што е денес, капетан на брод.

По завршувањето на школата Бродарска во Белград, тој за првпат се качил на брод во 2009 година. Неговите патишта не биле стандардните автопати и магистрали, туку сите сини реки низ Европа на кои минуваше шест месеци годишно.

Ветерот, бурите и бродските непогодности не се негови единствени проблеми со кој тој се соочува на овие отворени води.

„Имаше многу ситуации што оставија впечаток во мојата кариера, од спасување едрилица на реката Сава, до 17-годишно момче и девојче кои со петметарски дрвен брод запловија од Германија до Црното Море слично на оние од средниот век.

Собирање пари за ова патување се одвиваше и преку социјалните мрежи, кое траеше околу три месеци и беше во должина од 3.000 километри.

Момчето и девојката ги сретнавме на тврдината Голубац, ги забележав како мавтаат, но веднаш не сфатив дека им требаат помош.

Тие побараа од нас да ги закачеме на нашиот брод и да ги влечеме кон Џерчап од каде што продолжија по патот, каде што го завршиле патот по три месеци возење.

Проблемот е што како неискусни возачи тргнале во септември кога има многу магла и многу е тешко да се вози “, вели ,,РИНА,, Стефан Арсениевиќ, капетан на бродот.

Стефан плови по европски реки веќе дванаесет години и секој залив го знае и во сон, од Португалија на запад до Норвешка на север и Грција на југ.

Бродовите на кои „печев“ занает беа многу лоши, и речиси неупотребливи. Денес претежно возам танкери. Тој прв брод на кој бев командант беше долг 85 и широк над осум метри, што за мене беше Вистински предизвик.

На бродот имате убави мометни, но бродот на кој ги научив сите тајни на оваа работа веќе не се користи, поточно во речната флота.

Работата што ја одбрав да ја работам носи убави но и грди работи, но морнарите секогаш имаат среќа и добро се справуваат со сите непогодности.

Тој нагласува дека на оваа работа треба да бидете упорни, да жртвувате мнгоу особено што работното време е многу поразлично во однос на другите работни места.

„Некогаш поминувам многу повеќе време на брод отоклку дома, се навикнувате, тоа ви станува животен водич од кое нема откажување, заклучува Стефан.