Младиот Игор: Не ми е срам да кажам дека за разлика од врсниците, работам на нива

  • By klaster1
  • јули 20, 2021
  • 0
  • 2507 Прегледи

Приказната за деветнаесетгодишниот Игор Фејса од селото Куцура близу Врбас покажува дека младите луѓе кои денес избираат да го заработат својот „леб“ со напорна работа на нива се ретки.

Но трудот и вредноста на сето тоа излегува подоцна. Работата на нива не е тешко за ова момоче кое може да биде на нивите и 24 часа.

– Целиот ден го минувам на нивите, како дете дојдов на нива со татко ми, тој тогаш ми даде да возам трактор. Ми се допадна и оттогаш работам на нива.

-Мојата генерација е претежно посветена на компјутерските науки, медицината и другите науки, само јас останав во селото да работам на нива.

-Навистина не ми е тешко да ја обработувам земјата бидејќи ја сакам тоа да го работам – вели Игор Фејса пред камерите на ,,Курир рс,,

Игор неодамна ја завршил работата на нивата и малку по малку го презема бизнисот од неговиот татко и обработува 150 хектари земја на која одгледува пченка и пченица.

– Мојата генерација и другари се насочени кон други работи во животот, понекогаш и ќе се насмеат поради тоа што го работам.

– Мене ова ме исполнува, јас пополека го превземам бизнисот од тато и се трудам да не го разочарам, а со тоа и да има и за егзистенција, вели Игор.

– Пченката престана да расте во средината на мај, сега е во најлоша фаза кога коренот е сè уште во горниот дел од почвата.


-Без машина за наводнување, сè ќе се исушеше. Ние се обидуваме да го спасиме она што може да се спаси, без машината тотално би се откажале. Ако нема дожд во следните 15 дена, ниту машината нема да биде доволна – вели Раде Стојчиќ.