Младиот Здравко од каменичко прежиуваа од овците – на рамо носи вода за да ги напои

  • By klaster1
  • јуни 7, 2021
  • 0
  • 276 Прегледи

Здравко Иванов од каменичкото село Дулица е млад сточар кој егзистенцијата ја обезбедува преку одгледување на овци, но за да го одржи стадото од околу 200 грла добиток, тој и неговото семејство, вода секојдневно носат на раце.

– Јас сум млад сточар, одгледувам многу овци, тие и бараат одржување им носам вода или на рака или со магарето, макотрпно е, вели Здарвко, за ,,ТВ Стар“.

– Кажете ми како јас да опстанам, како да ги хранам, да ги појам сите овие овци, навистина е многу тешко, заклучува овој млад сточар.

Освн за добитокот семејството Иванови се принудени вода да носат и за себе, затоа што овен поилата, суви им се и чешмите.

– Овде нема вода, се на рамо носиме, переме, чистеме, нема услови, вели мајката на Здравко. Тие живеат на највисоката точка на селото Дулица, и се единственото семејство кое нема вода.

Пред околу 6 години Дулица е приклучена кон градскиот водовод на Македонска Каменица со донација на општината но и на самите жители. А тогаш ова семејство е оставено надвор од системот.

Сега за да се приклучат треба да се инвеситра во изградба на 5 километарски цевковод, а поради ова општината пак нуди друго решение.

-Доколку е заинтересиран индивидуално да го реши проблемот, треба а поднесе барање кај нас во општината и одредена процент за изградба му покрива општината.

-А од кај нас на неколку наврати му е советувано да се обрати за една пограма за снабдување и водопој еден вид субвенција со кој би си го решил проблмот, вели градоначалничката на опшина Македонска Каменица, Соња Стаменкова.

Инаку за копање на бунари во рурални средини тешко достапни како што е случај со семејството Иванови од Дулица, преку ИПАР програмата државата покрива 75 процени од вкупната инвестиција.