Малата Мишела од Куманово: Често сум гладна но не кажувам на мама за да не се нервира, чорапи не носам, зошто ми се извалкани

  • By klaster1
  • мај 31, 2021
  • 0
  • 8103 Прегледи

Мирјана Зафировска од Куманово е изнама чена мајка и баба, таа веќе две децении живее во импровизирана куќарка.

Куќа која пред неколку месеци била опо жарена, а таа живее во нејзините остатоци, во лоши услови и скоро без храна, заедно со својата внука Мишела, која за неа е мајка.

Таа млада се мажи и добива три ќерки, сопругот и поч инува и останува вдовица на само 24 години, после некое време таа го пронаѓа својот втор сопруг со кого започнува нов живот и му раѓа две деца.

– Јас се оженив на 19 години, но доста млада го изгубив сопругот и тоа на 24, оставајќи ме со три деца, јас имав добро детство, дете од село сум.

– Имавме мала куќарка, но поради болест на едно дете моравме да ја продадеме куќата, за 5илјади евра, за да го спасиме детето, а останавме без покрив над глава.

– Со вториот сопруг живеевме под кирија, и тоа живеевме со 5 деца. Работев во 90тите години, но откако почина сестра ми, јас заболев на срцето и не сум способна за работа.

Мирјана успеала да ги ожени и омажи своите деца и да ги снајде, но една од ќерките се премажува и своето дете го оставила кај неа.

Внуката Мишела ја пораснала од кога имала 3 дена, и одтогаш се заедно, во знак на благодарност Мишела, својата баба ја нарекува мамо.

– Ќерка ми ја остави внуката кога беше стара само 3 дена, одтогаш јас ја чувам неможам животот да си го замислам без неа. Еве сега уште малку ќе наполни 11 години, таа оди во четврто оделение и е одличен ученик, вели Мирјана за ,,Срце на Дланка,,

-И таму од службите од училиштето ми велат, секоја чест како си ја воспитала. Сега малку ми е проблем , неможе да учи нема светлина, единствено на сонцето.

– Поради некомплетна документација, и бидејќи немаше родител, несакаа детето да го запишат во училиште, јас одев секој ден се молев, и на крајот успеав и ја запишав.

 

– Јас без неа неможам, неможам да ја речам баба, таа ми е како мајка, вели малата Мишела.

Најголемиот уд ар во животот за Мирјана и внуката Мишела е пож арот кој случува, иако немат струја како што велат започнал по жар и се соменваат дека е подметнат.

– Многу ми е тешко, еве ова што го гледате сето тоа из горе, во најголемата зима, останавме, без покрив над глава, из горе се што имавме, и книгите за Мишела, единствено сум среќна што остана таа жива и што не беше во тој момент во куќата.ж, вели во солзи Мирјана.

– Неможам да се одделам од баба ми, за мене таа е мајка, јас иако бев малку кај вистинската мајка, неможев таму да заспијам, едноставно неможев без таа што ја нарекувам мајка. Јас тука ќе уживам, таа ќе па ти, вели малото девојче.

Мишел е пак вредно девојче додека на нејзина возраст децата си играат со кукли, таа научила да пере и да готви и мие садови. Помага и чува деца на соседите, а тие за возврат и даваат по некој денар и храна.

– Еве пред некое време ми вели ,,Мамо видов едно фустанче 150 денари да ми го купиш,, им велам од каде, немам. Што попрво со тие 5илјади денари социјална помош. Враќам кредит за куќата.

– Често сум гладна, некогаш не и кажувам на мама за да не и биде тешко, не носам чорапи бидејќи немам чисти, извалкани се и сега сум боса, вели Мишела.

– Често пишувам домашно на уличната светила надвор, синоќе пишував баш така, не користиме свеќи бидејќи може да се запа лат, и мноуг мирисаат.