Милена Антовска: Не можам да останам рамнодушна на ова што го видов – морници и насолзени очи

  • By admin
  • јуни 23, 2022
  • 0
  • 1017 Views

Милена Антовска Станковска веќе долги години важи за добро препознатливо лице на македонската јавност.

Својата кариера на малите екрани Милена Антовска ја гради на Канал 5 ТВ, пред се во утринската програма каде што гледачите најмногу ја препознаваат.

Милена денес се реши да се огласи на својот профил на фејсбук и со доста емоција се обрати, а во продолжени интегрално ви го пренесуваме нејзиниот статус:

Колку и да сум поборник за создавање на нова македонска модерна песна, не можам да останам рамнодушна на ова што го видов.

Морници и насолзени очи затоа што во 4 минути дечките/девојките кои работеле на сето ова ни пренесуваат кои сме како народ, како нација и која е Македонија, но, и на кое дереџе сме дојдени сега.

Го допревме дното, односно некој направи да го допреме…Колку и да сакам да гледам само напред и да гледам фу туристички, да не се вртам кон минатото, некако ме бо ли кога вистината е дека постоиме од памтивек, дека пишува за нас во Библијата итн.

Не е фер некој да дојде и да каже дека ние сме од вчера, дека немаме наш македонски јазик и слично( да не навлагам затоа што од искуство ќе бидам сфатена погрешно).

Ова ниту ме прави закоревена ниту пак, припадник на некоја политичка партија, ова е само мое искрено и реално доживување на овој видео запис за една прекрасна македонска народна песна.

Една порака за да се разбудиме за тоа што се случува. Почнаа и музичарите да ја “користат” својата професија за да кажат колку тука кај нас е нешто труло и фала Боже што тоа го прават преку музика и песна.

Балкан Бенд не сте единствени со ваков проект за будење на свеста кај народот, но ви благодарам за ова. Браво и за Даниел Јовески и сите останати…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.