Мики Трајчевски од Штип: Го пронајдов внукот флрен во кутија од банани и го исчував, доволно ми едно собче и гитара

  • By klaster1
  • мај 18, 2021
  • 0
  • 26315 Прегледи

Во 21 век, мизерен живот, без кров над глава и барем еден топол оброк, така живе Мики Трајчевски, попознат за штипјани и околината како Мики Ли.

Човек кој зборува многу јазици, има прочитано многу книги, но пред се и голем хуманист. Човек кој го пронашол фрлен во ѓубре својот внук од брат. Го земал и го исчувал, низ многу тешки услови и на различни места.

Токму неговиот внук Радослав, реши да му се оддолжи на неговиот чичко и низ емисијата ,,Срце на Дланка,, ја раскажаа својата приказна и побараа помош.

Мики останува без своите родители многу млад, прво го губи својот татко кој бил воен пилот, а потоа бидејќи не му се знае траг на неговиот татко, од жалост по чинува неговата мајка.

– Татко ми беше воен пилот, и при еден лет на него му се губи траг. Не е поведена никаква постапка за негово пронаѓање, набрзо потоа поч инува и мојата мајка, тогаш живевме во една колиба , овие те шки моменти ги доживувам на моја 8 година.

-Со браќата не сме во контакт, тие тргнаа по лоши патишта, јас го најдов внукот во кутија од банани оставен во ѓубре го земав и како знаев и умеев го израснав, на различни места на живеење.

Радослав решил да му помогне и еднаш засекогаш да се реши станбеното прашање на Мики и да се доведе неговиот живот во нормала.

-Јас сум му вечно благодарен на Мики, моите ме оставиле а тој ме исчува во многу тешки услови, спиев под отворено небо, живеевме во еден хангар, се сеќавам тој таму имаше и пријатели и непријатели.

Му подметнаа пожар и хангарот се запали. Спасивме некако жива глава. Тој е осудуван од опшеството, го прават луд, јас конечно решив да дигнам рака и сите заедно да помогнеме да му се среди животот на Мики.

-На Мики пред 20тина години му е доделен социјален стан, но во тој стан живееле и други станари кој не плаќале сметки, односно другите мои двајца чичковци.

-Кој буквално го довеле стано да биде руиниран, тие го напуштаат станот, а во него останува само Мики, и поради инсталација во тој стан избувнува пожар.

-Тој јавно бараше помош за да се среди и од институциите но залудно и полека полека тој стан стана место каде што неможе да се живее, тврди Раде.

– Научен сум без храна, не јадам и по два три дена, одам на пазар таму наоѓам нешто или кај некој познати, јас сум љубител на овошјето и зеленчукот. Не сум се бањал можеби над 15 години.

-Но издржувам бидеќи се навикнав. Одам дневно и по 15-20 км. Сум одел од тука до Три Чешми, Лозово, Кочани, имав и велосипед но ми го украдоа, тоа ми е желба само точок и гитара, вели Мики.

Веќе подолг временски период живее под отворено небо во импровизиран дом, ако така може да се нарече кој самиот тој си го правел, вез никакви приходи, без работа и без храна.

-Со години водам интелктуална борба со македонската влада, за тоа како таа дозволува љуѓе со висок коефициенти на интелектуалност како мене да завршат вака.

Кога ќе го прашате Мики што најмногу сака вели, дека сака сите деца да имаа Божја љубов и да им биде дадена љубов.

– Да би имал пари сега би им купил памперс и храна на едно сиромашно семејство со мали дечиња, бидејќи знам дека има многу мали дечиња низ светот кој гладуваа, вели Мики.

– Тој можеби однадвор изгледа бедно и неубаво, но неговата душа е полна со љубов и располага со многу знаење на многу области, за него се снимаше документарец пред некоја година која доби прва награда во Индија, заклучува Раде.

Мики истотака се соочува со здраствени проблеми, односно со бубрезите, вели дека тоа е последица од тоа што заспивал на ладно многупати.

– Зарем толку ли нема некој во државата да ми изгради една колиба, едно собче, и да имам корка леб и една гитара ништо повеќе не ми треба.