Мери Јордановска: Се шеташ без маска и се осеќаш ко да си заборавил сукња да облечеш

  • By admin
  • мај 27, 2021
  • 0
  • 378 Прегледи

Познатата новинарка Мери Јордановска која е доста активна на социјалните мрежи повторно сподели статус на својот профил кој привлече внимание.

Јордановска на еден духовит начин најави што ќе не очекува во следниот период откако вирусот ќе се смири, а мерките ќе попуштат:

-Последици од короната, некои и со неограничен рок: Ти се најавуваат гости и одма се прашуваш “овие вакцинирани ли беа или прележаа у пм”.

Уште стоиш на 2 метри од луѓето во ред на каса. По пет саати киснеш марула во лавабо.

Шубе ти е да јадеш краставица со лушпа. На рафтовите брцкаш подлабоко за да земеш производ, помалку луѓе го допреле.

Дезинфициенс останува за век и векови, во ташна, во џеб, на маса, во кола. Се шеташ без маска и се осеќаш ко да си заборавил сукња да облечеш.

Наочарите ги поднаместуваш да се над маската, а маска немаш. Имаш залихи од нови 154 кармини купени во последнава година.

Излагаш во 21 часот и си викаш, е што ќе искачам сеа, ќе затворат. Гостите ти седат најкасно до 23 часот, да не фати полициски.

Купуваш само производи на кои е нагласено дека се антибактериски, по можност и антивирусни. Имаш залихи од вит Ц, цинк, селен, вит Д и бета глукани за уште 2 генерации.

Кога правиш обична кр вна слика, автоматски ти иде да кажеш, и Д димери, ЦРП и антитела ќе ве молам. Немаш веќе изговори зошто не можеш да се појавиш на некоја средба.

Немаш веќе изговор кога сакаш да избегнеш некој да кажеш “лелеее абе не те познав од маската”.

Никола Пановски го бараш и кога ќе ти протече нос, по навика. Ти фали Космонаутко во 6 сабајле, да ти запее.