Менче Точи: Многу стории имам направено досега, но денес не можев да ги задржам солзите

  • By admin
  • јули 4, 2021
  • 0
  • 16003 Прегледи

Познатата македонска новинарка Менче Точи која долги години е во оваа професија важи за водечките личност во својата професија кога стану збор медицината и здравјето.

Како што рековме Точи долги години ја гледаме на малите екрани со стории од областа на медицината, гранка која најдобро и лежи.

Менче исто така е доста актуелна и на социјалните мрежи, па пред некој ден на својот профил на фејсбук сподели своја сторија од Телевизија 24 каде што работи и притоа напиша:

-Многу стории имам направено досега, но денес не можев да ги задржам солзите. Се сокрив со наочарите за сонце, за да не ме забележат. Овие девојки молат за лек.

Оваа нејзина објава привлече внимание, па во коментари доби низа прашања, при што таа одговори:

-Скап е, но знаеш кога ќе влезе во земјава компаниите ги симнуваат цените. Три девојки се само со овој лек, не е голем товар за државата. А, мислам дека двете веќе се во крајно, крајно лоша состојба. Помалата допрва ќе осети.

-И не е ова за недела или месец, треба да се обезбеди за една година однапред. Тоа се некаде околу 500 000 евра за сите три. Но, реков цените паѓаат, а компаниите некогаш ги донираат во првите шест месеци. Треба да се седне сериозно и да се истера оваа работа

А во сторијата објавена на Телевизија 24 од страна на Менче Точи се вели:

-Се борат за секој здив, живот врзан за боца со кислород. Овие млади девојки со ретка форма на цистична фиброза кои пред два месеца останаа без лекот Калидеко, собраа сила и дојдоа да кажат дека болеста напреднува, а нивното здравје се влошува.

Лекот го примаа само два месеца, за толку време беше обезбеден. Тогаш почуствуваа како е да се дише и живее нормално. Нивната тро гателна приказна ја опишуваат солзите, за се друго надежта ја гледаат во институциите.

Со нив беа и нивните семејства кои спас гледаат во министерот за здравство. Министерот за здравство Венко Филипче уверува дека лекот ќе стигне следната недела, по брза постапка, вели го чекал извештајот како лекот делувал врз пациентките.

По ова, Флора замина во болница, тешко дише и исплукува к рв. Дијана веќе е во болница, излезе на кратко да замоли за лекот. Мераљ се врати во својот дом, но нема да може да игра со своите врсници, врзана за кислород. Својата иднина ја гледаат во лекот кој за нив значи живот.