Мајката Љубица со сведоштво за битолската болница: Време е да престаниме со ќутење ние малку што останавме тука

  • By admin
  • јули 27, 2021
  • 0
  • 4611 Views

Денес на фејсбук се шири статус напишан од една мајка по име Љубица Груевска Талевска која со јавноста сподели какво не пријатно искуство имала во болницата во Битола:

-Го лготата во битолската болница денес ја доживеавме и ние и тоа за 6годишно дете. Попладнево забележавме оток на главата на детето, веднаш над увото.

Ситуација следна : матичната докторка на одмор, замената предпладне. Одиме директно на педијатрија. Ѕвониме, излегува сестра, објаснувам и вели сега ќе ја викнам докторката.

Излегува докторката, се викала Оливера Груевска. „Шо е проблемот“ и кажувам дека дојдовме за детето, не ме слуша. „А упат“ и кажувам за ситуацијата со матичната. „Неможи без упат“ и ми ја затвара врата без да ме сослуша, воопшто ни да го погледне.

Одиме на ургентно. Не примаат ама ни објаснуваат дека не смеат да издадат упат на деца под 14год. Ни велат вратете се на детско мора да ве примат.

Одиме пак. Излегува докторката „Вие шо прајте уште тука“ велам чекаме за преглед за детето ако можи да не сослушате. „Јас ви кажав утре ќе се вратите, детето нема ништо весело е ете” велам да ви кажам имаме и со ушите проблем да ви објаснам.

„Не ме интересира јас на ушен доктор ти личам?“ ( искрено си мислам во себе на никаков доктор не ми личиш ама прегледај ми го детето, ете некако си се нашла тука.)

Продолжуваме со зборување сите, ние некако да се објасниме, таа да не избрка. И велиме, се работи за глава како да седиме до утре вака, ако се случи нешто кој да го бараме тогаш?

„Е до утре се можи да се случи, можи таванот ќе ни падни на глава“. Ваков одговор добивме од образована млада личност.

Толку, тука престанав да настојувам и заминавме. Се качивме на ушно, да пробаме. Без збор, докторот не прими, го прегледа, кажа дека не е од уво откот и не е жлезда, ниту по следица од загноено уво, од што се плаш ев.

Ни кажа дека е алергија од убодот од инсект не препрати на кожно. Детето прими ин екција против алергија, ни препишаа маст и сируп.

Дали има некој надлежен во болницата незнам ама време е да престаниме со ќутење ние малку што останавме тука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *