Мајката Јуле: Ќерко имаш ли дечко, ќе дочекам ли да ти заиграм на свадба

  • By admin
  • јуни 10, 2021
  • 0
  • 245 Прегледи

Една мајка, по име Јуле која не сакаше да го откри идентитетот во целост реши да раскаже она што и лежи на срце.

Таа проговори за нејзината ќерка која е вредна и посветена на својата професија и на која и ја посакува целата среќа на овој свет, но, како што вели, во Македонија со сегашните приходи тоа е речиси невозможно.

Често знам да се присетам на времето кога со една плата можеше да се замине на одмор, кога можевме да купиме мебел и пак да останат доволно пари за храна и за сметки. А сега? Живееме крпен живот!

Кога ќе се отвори ду пка, се молиме да ни стигне платата или пензијата до средина на месецот, да можеме да преживееме и да ги платиме сметките, па ако останат пари да се купи храна Ако не, пак ќе позајмуваш, и сѐ така во круг.

Имам ќерка и син. Синот одамна се ожени и си отиде од дома, но ќерката ја родив на постари години и таа сѐ уште е со мене. Јас сум пензионер и месечно ми следуваат околу 9.000 денари, а ќерката работи во приватна фирма за околу 15.000 денар. Порано знаев да ја прашам:

„Ќе имаш ли дечко, ќе дочекам ли да ти играм на свадба?“

Наместо одговор, само тажно ќе ме погледнеше и ќе се повлечеше во собата. Не можев да ја разберам зошто така реагира и ми се лутев.

Мислев јас ќе им помагам колку што можам. Но, тоа беше мое мислење, а нејзинот беше потполно различно што искрено ме разочаруваше.

Пред некој ден ја затекнав порасположена. Седнав до нејзе ја фатив за рака и ја прашав:

„Ќерко мој, како си? Ми делуваш уморно и разочарано. Дали си среќна?“ Молчеше, па едвај изусти:

„Не, мамо, не сум среќна! Ме прашуваш дали имам дечко. Не, мамо, немам. Се чувтвувам не пријатно и од самата помисла дека веќе времето ми минува.

Помислувам, која би сакала да се омажи за мене? Љубов? Само од неа не се живее, љубовта нема да ти даде пари за храна, облека, нема да ти ги плати сметките“

Низ моето старо лице полно со брчки се слеа една солза. Не можам да ја опишам та гата која ме обзеде. Ја погледнав ќерката, висока, убава, и ја стиснав за рака без да проговорам збор.

„Мамо, јас си одам одовде, изговори таа. Знам дека ќе ми биде тешко и ма чно, но морам да одам на печалба. Не можам да ти ветам дека ќе дочекаш да ме видиш како невеста, но секогаш ќе ти помагам колку што можам.“

Тоа ме растажи. Отидов во кревет, легнав и се стуткав. Цела ноќ размислував како можам да и помогнам и дали сум му дала во животот толку колку што му е потребно..

Отиде во Германија, таму далеку. Пред да оди ме поврза со социјалните мрежи за да можеме да комуницираме. Три години се снаоѓаше, но се исплатеше. Конечно се снајде. Со насмевка секоја вечер ми велеше:

„Еј мамо, кога ќе дојдам ќе ти купам сѐ што ти треба за дома, ќе шетаме..“

Бев пресреќна за нејзе, но празна во срцето и душата. Наоколу слушав приказни колку ми е мене лесно, ќерката ми помага, но јас сама во себе си велев: Ех, да е близу до мене. Што ќе ми се полни џебови кога срцето ми е празно!