Марија Шерифовиќ завиена во црно: Пејачката остана без саканата личност

  • By klaster3
  • октомври 12, 2022
  • 0
  • 350 Views

Општо познато е дека Марија Шерифовиќ веќе долго време е на сцената и важи за еден од најдобирте вокали на Балканот со моќен и продорен глас.

Својот поход кон музичкиот врв го започна, а воедно и достигна со победата на изборот за песна на годината „Евровизија” каде со одличната интерпретација и вокални способности и ја донесе првата и единствена победа на Србија на ова натпреварување.

Пејачката во текот на денот објави за неа тажна вест. Имено, нејзина блиска роднина се упо коила за што Марија посвети слика и статус на Инстаграм.

Чичкото на пејачката Марија Шерифовиќ, Милан Шерифовиќ, замина од овој свет утрово на 73-годишна возраст во Крагуевац.

Инаку, Милан Шерифовиќ е роден на 15 октомври 1949 година, дипломирал на Економското училиште, а потоа студирал на Економскиот факултет.

Беше автор и водител на емисијата „Автограм“, најпопуларната радио емисија во цела Југославија, во која гости беа најпознатите солисти на народната музика.

Колку е популарна и слушана емисијата најдобро говори податокот дека Шерифовиќ добивал од 500 до дури 1000 писма неделно од слушатели во кои предлагале гости за емисијата и кои тој самиот не можел да ги прочита, но имал соработници кои му помагале во оваа работа.

Направи и емисија за поп музиката и емисијата „Радиограм“. Беше одличен водител и колега, а пред се добар човек.

Автор е на книга за риболовот, шампион на поранешна Југославија во спортски риболов, три години беше сојузен селектор за пионери и млади во риболовот, еден од основачите на пингпонгарскиот клуб Раднички.

Беше исклучително успешен во сите работи што ги работеше.Со Марија имал посебен однос, а своевремено ја објавил и фотографијата на пејачката од денот кога таа отишла на училиште.

„Кога веќе така си решил… Одмори и знај дека се е под контрола. Те сакам“, објави Марија на Инстаграм стори.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.