Од ден на ден се повеќе нашинци ја напуштаат државата и се одлучуваат да заминат во странство, поточно во некој од западните земји.
Желбата за напреднување и осигурување на својот живот и своето семејство го приморува да егзистира човекот во друга средина.
Таа преселба од едно во друго опшество не е едноставна, прилагодувањето оди кај некој потешко кај некој полесно сето тоа зависи од човековите карактеристики.
Една таква сторија има Марина Југовиќ која уште пред триесеттина година ја напуштила родната земја и заминала во Швајцарија
Начинот на живот и луѓето во Швајцарија не и одговарале на прв поглед, а првичните впечатоци и биле лоши и сакала да се врати назад.
„Беше многу тешко психички да се прилагодам на нивниот менталитет. Прво не го знаев јазикот, но потоа имаше слога меѓу нашите што работеа таму, па беше полесно.
Имаше клубови каде што се среќававме и се дружевме, па имав поддршка да останам – да не беше тоа, одамна ќе се вратев во мојата Србија“, вели Марина за ,,Задоволна рс”
Носталгијата ја придружувала со години, а таа вели дека никогаш целосно не исчезнала и дека има многу работи што и недостигаат.
„Треба само да се прилагодите, а сè ви недостасува. Храната беше невкусна, се е убаво за око, но краставицата не мириса на краставица, ништо нема соодветен вкус.
,, Некој места и локали што ги имаме долу и таа автентичност овде ја нема се е поразлично а нема ниту приближно добар квалитет, додава таа.
,, Душата ми остана во родното место, првите неколку години ми беа најтешки и да бидам искрена никогаш не се прилагодив, иако живеам овде повеќе од 30 години“, признава Марина.