Мали дечиња од Скопје имаат своја тезга и продаваат намирници и заработуваат некој денар

  • By klaster1
  • јуни 27, 2021
  • 0
  • 3738 Прегледи

Малите дечиња лоцирани на шеталистето во Ѓорче Петров имаат своја тезга и на минувачи и рекреативците им продаваат грицки, црешни, вишни, слатки, вода и сокови и со тоа си вадат некој денар.

– Идејата за формирање на ,,Веселата Дружина“ беше на сите нас овде во маалото, дојде спонтано се собравме, продаваме од сабајле па на пладне правиме пауза, а потоа приквечер се враќаме и повторно продаваме.

– Меѓувремено најдуваме време за да се забавуваме или возиме велосипеди, а со овој ,,мини маркет“ вадиме некој денар и потоа си купуваме сладолед, вели Гоце.

Клара пак е задолжена за маркетинг и привлеквуање на купувачи.

– Кога минуваат луѓето ние ги повикуваме кај нас да си купат некој од производите, им велиме дека се ефтини, а истотака им даваме попуст на пример ако вишните се 50 ние им велиме ќе ви ги дадеме за 30.

– Исто така и водата што ја продаваме ја полниме од чешма но ја ставаме во шишиња од вода и ја продаваме за 15 денари, вели младата Клара.

– Задоволни сме од заработувачката со парите сто ги добиваме си купуваме сладолед или хамбургер, имаме и залиха како резерва во посебна кутија, вели малиот Лука.

Секоја чест за овие дечиња, кои се за секоја пофалба и се разлика од својата генерација кои спијат до 13 часот и се излежаваат. А потоа и цело време се на телефон или на компјутер.

Овие дечиња пронајдуваат време и да читат книги, меѓу омилените како што велат им е ,, Итар Пејо“ во кој како има многу интересни и поучни работи.

Кога ке порасната овие млади момчиња и девојчиња сакаат да бидат актери, пилоти, а некој и бизнисмени токму тоа сто го прават сега, пренесува Зевзекманија.