Малиот 7-годишен Виган од Скопје е доказ зошто е важно да не се откажете кога во животот се случуваат непредвидливи ситуации

  • By admin
  • мај 21, 2021
  • 0
  • 300 Прегледи

Денес на фејсбук профилот на ЈЗУ Спец. болница за геријатриска и палијативна мед. 13 Ноември Скопје се појави објава која привлече поголемо внимание.

Од ЈЗУ Спец. болница за геријатриска и палијативна мед. 13 Ноември Скопје информираат за еден убав момент на еден млад пациент:

-Многу зелени ливади, многу земји, многу планини се пред нас. Заедно ќе ги искачиме, заедно ќе ги изодиме

Ова е почеток на уште една успешна приказна која ја споделуваме во јавноста, секако со дозвола на задоволните родители на Виган 7 годишното дете кое денес по 9ти пат секој ден ги прави индивидуалните вежби во салата за кинезитерапија со посветените физиотерапевти.

Зошто е важно да не се откажете, кога во животот се случуваат непредвидливи ситуации кои можат да го сменат текот на животот?

Треба да верувате во стручноста на белите мантили, затоа што ако не побарате начин да го решите вашиот проблем, тој проблем ќе стане уште поголем.

“Виган сега носи ортодонски анатомски чевличиња со шини, почна да оди со придружба и одлично напредува психофизички благодарение на индивидуалниот пристап и одлична соработка на физиотерапевтите и неговите родители кои се негова најголема подршка”.

Наш најголем успех, е задоволството на нивните лица. Заедно до искачување на планините