Малиот Лука секое утро свири флејта на улица за да заработи пари за стрипови

  • By klaster3
  • јули 6, 2022
  • 0
  • 336 Views

Откако пред некој ден на социјалните мрежи се појави видеото од младо момче кое само заработува пари за своите трошоци, јавноста беше воодушевена.

Денес ретко се среќаваат млади луѓе кои од мали нозе учат некој занает или се обидуваат сами да заработат за да не чекаат единствено од нивните родители.

Меѓутоа, секогаш постојат исклучоци, па така и ова момче иако е толку млад, е правилно воспитан и ги негува вистинските човечки вредности во животот.

Имено, Јован Руњевац, фудбалер на Радничко од Зрењанин, на социјалните мрежи објави видео од момче од неговиот крај, како свири на флејта на улица.

Станува збор за тринаесетгодишниот Лука Кресојевиќ, кој секое утро, околу 8 часот, доаѓа пред маркетот „Гомекс“ и свири по неколку часа.

Лука е голем љубител на деветтата уметност и парите што ги заработува од музика ги користи за да ја комплетира својата колекција стрипови.

– Штом научив да читам, почнав да собирам стрипови. Досега имам собрано 65. Во моето семејство дедо ми, татко ми и вујко ми сакаат стрипови, па некои од нив ги наследив, а некои сам си купив – раскажува за зрењанински портал Лука Кресојевиќ.

Наесен ќе започне седмо одделение, а Лука вели дека самиот се научил да свири на флејта и дека со текот на времето додал нови песни на својот репертоар.

– Се е можно кога сакаш. Сакам да влезам во Музичкото училиште, бидејќи ме интересира музиката, но и уметноста воопшто. Ме интересира и цртањето и се што е поврзано со уметноста – вели младиот Лука, чиј омилен стрип херој е Бетмен.

Лука веќе две недели доаѓа пред маркетот во населбата Граднулица и вели дека ја избрал локацијата бидејќи многу луѓе поминуваат таму, а во близина е и неговата куќа.

-Тука сум два до три часа дневно, штом се изморам си одам дома. Свирам „Ода на радоста“, „Божја правда“, „Вива, вива ла музика“, „Црешата родила“, „Чија е таа девојка“…

Главно сите ми велат – браво, се најдобро, само учи и напредувај, не се откажувај и оди напред – вели Лука Кресојевиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.