Малата Софија е херој, ја одликувал претседателот, а потоа родителите ја напуштиле, а сега е во сиропиталиште

  • By klaster1
  • јули 5, 2021
  • 0
  • 1795 Прегледи

Животната приказна на Софија Рожничук (13) од Украина би ги расплакала сите. Оваа храбра девојка беше прогласена за херој во 2019 година, бидејќи ги спаси своите браќа и сестри од пожар.

Таа дури беше одликувана од претседателот Володимир Зеленски, а потоа доживеа да заврши во сиропиталиште, бидејќи нејзините родители не ја сакаа.

Софија имала само 10 години, кога избувнал голем пожар во куќата во која живеела со своите полубраќа и помладите сестри.

Нејзиниот татко и маќеа во тоа време биле во болница, каде го однеле најмалото дете. Софија била смирена, и успеала да ги спаси своите блиски.

Куќата била уништена во пожарот, а семејството набргу се нашло на улица, бидејќи повеќе не можело да остане кај своите роднини.

Децата бил принудени да питачат, Софија питачела скоро секој ден. Кога била наградена во 2019 година за храброста што ја покажа во тие тешки моменти и спасувањето, таа добила орден од претседателот. Сепак, нејзиниот татко и маќеа ги интересирало дали добила пари односно финансискиот дел.

Децата биле принудени да питачат, поради што биле привремено однесени и сместени во дом. Подоцна, родителите се вратиле да ги земат помалите деца, но тие не сакале ниту да ја видат Софија.

На крајот, несреќната девојка била пренесена во сиропиталиште, а родителските права на нејзиниот татко биле одземени.

Нејзината биолошка мајка не ја сака, бидејќи основала друго семејство. Не само што не ја интересира како е Софија, туку сака да се откаже и од родителските права над неа, бидејќи, наводно, немала услови да се грижи за неа.

– Таткото на девојчето кри вично бил гонет трипати затоа што ги принудувал децата да питачат. Го барале шест месеци, дури и да дошол во сиропиталиштето, да го види детето, но тој го напуштил Киев и не се знае каде се наоѓа.

После тоа, било покрената тужба со цел да му се одземе родителското право – објави Центарот за социјална работа, кој се грижи за случајот на Софија.

Нејзиниот татко има вкупно седум деца, а истрагата покажала дека Софија претходно се грижела за своите браќа и сестри.

Таа им обезбеди леб на масата со молење. Се верува дека таткото одлучил да се „ослободи од Софија“, бидејќи таа ја надминала возрасната граница за примање додаток за дете.

Сиропиталиштето исто така сфати дека детето никогаш не било образувано. Сега, за две години, таа ги заврши првите четири одделенија од основното училиште, со помош на наставник во сиропиталиште.

Елена Кокиш од Центарот за социјална работа вели дека секако е подобро за Софија да порасне под надзор, отколку да моли и да лута по улиците. Иако, девојчето вели дека сака да биде на слобода.

– Ако се врати на улица, тоа ќе ја уништи. Па, нејзиниот татко не сакаше ниту да ја школува, што веќе го прекрши законот, тој и го одзеде основното право на образование.

-Верувам дека е подобро за неа да биде во сиропиталиште. Погледнете како беше порано и погледнете го сега. Изгледа добро, зборува јасно – вели Кокиш.

Директорката на домот за деца без родители, Светлана Софилканиќ, вели дека на почетокот било многу тешко со Софија, но дека детето се сменило многу на подобро.

– Пред да пристигне со нас, детето беше сместено во разни домови … Дојде тука со многу лоши навики. Ние работиме напорно со неа сега за да надокнадиме сè што пропушти.

Таа сега го живее своето детство за прв пат во вистинска смисла на зборот. Помина четири одделенија, за прв пат беше во морето во животот, а сега во јули ќе оди во детскиот камп – вели Светлана.

Кокиш вели дека детето порано било запоставувано, но сега таа е во сигурни раце, и е на добар пат да да стане образувана и примерна личност.

– Таа беше како Мугли од Книгата за џунгла. Едвај знаеше да зборува. Таа не знаеше да чита и да пишува, а сега е друга приказна. Толку се смени, процвета – вели Кокиш.

Софија сонува да еден ден да стане спасувач. Таа била мотивирана од постапките на државните службеници кои и помагаа.

Фактот дека претседателот ја одликувал еден ден ќе и помогне кога ќе се запише на факултет, бидејќи ќе има предност при запишувањето. Пред тоа, се разбира, треба да заврши основно и средно училиште.

 

Додека таа е во сигурни раци, малата Софија останува да живее со раните од минатото. Исто така, ќе се сеќава како нејзините родители речиси ја уда виле за време на кавгата по разводот.

Бидејќи тие не можеле да се договорат на кого ќе припаѓа. Да немаше сосед да интервенира, кој знае дали Софија ќе преживееше, вели Светлана.

Исто така, се вели дека нејзиниот татко ја препознал само кога таа имала четири години, иако тој живеел со девојчето од раѓање.

Софија поминала извесно време со нејзината мајка. Таткото стално ги менувал жените, и децата се од различни мајки…

Нејзиниот татко сега наводно живее со тетката на Софија, односно братучетка на нејзината биолошка мајка. По пожарот тој добил уште две деца.