Двајца постари македонски граѓани, едниот на 68, а другиот на 78 години успеале противправно да присвојата 26.000 евра стоејќи пред банки во приморските хрватски градови Сплит, Трогир и Примостен.
Имено едниот преправен како „Израелец“, а другиот како „Швеѓанец“ продавале „златен“ часовник за да ѝ помогнат на „бол ната жена на Израелецот“, а итроштината скоро секогаш успевала.
Двајцата Македонци чекале пред банки, пошти, болници и приоѓале главно на повозрасни лица. Се преправале дека се странци кои имале сообраќајна не среќа. Еднот глумел дека е од Израел, а другиот од Шведска.
На луѓето им барале помош со преводот околу исплаќањето на наводната оштета. Потоа приказната доаѓала до продажба на лаж ни златни часовници.
„Израелец“ потоа почнувал да раскажува таж на приказна дека има финасиски проблеми, дека сопругата му е налекување и мора да му плати на докторот.
Го нудел лажн иот златен часовник за кој тврдел дека вреди 15 0000 евра на „Швеѓанецот“. Но луѓето наседнувале на приказната и нуделе повеќе пари за часовникот од ла жниот Швеѓанец.
Луѓето оделе во банка, и ги носле парите. „Израелецот“ се преправал дека ги става во торбичка, која им ја давал на купувачите да ја чуваат додека тој оди во болница кај жена му. Договорот бил, купувачот да го почекаат да се врати и да им го предаде часовникот.
Но, всушност, Македонците успевале во торбичката да подметнат плико без пари. Купувачите чекале одреден период и сфаќале дека се „закрпени“.
При истрагата, полицијата од Сплит извршила претрес на возилото кое го користеле Македонците и на куќата во која живееле. Проналше голема сума на пари.
Двајцата старци моментално се зад решетки. За повозрасниот имало три меѓународни потерници, една од Македонија, од Австрија и од Словенија, пренесуваат хрватските медиуми.