Македонците во Малта започнаа петиција – од тамошните власти бараат едно нешто

  • By admin
  • јуни 7, 2021
  • 0
  • 315 Прегледи

Пред извесен период првично беше објавено дека Македонија е една од 32 земји кон кои летово ќе има директни летови од Малта.

Ова стоеше во објавата на Меѓународниот аеродром во оваа земја.Од распоредот се гледа дека повторно се враќаат летовите кои беа прекинати поради панд мијата.

Сепак, се напоменува дека во зависност од рестр икциите за патување ќе зависи и распоредот на летови и може да се промени.

Првично беше објавено според распоредот дека Македонците од 31 мај ќе можат директно да летаат до Малта со авиокомпанијата „Визер“.

Оваа вест израдува многумина нашинци, но и нивните роди со оглед на тоа што во Малта живеат и работат голем број Македонци, а таа бројка преку лето дополнително расте поради сезонските работници.

Сепак потоа од Македонската заедница во Малта се огласија на фејсбук каде споделија вест во која што велат:

Иако Визер ги пушти летовите од Мај месец за Малта од Скопје, сепак вчера се тргнати од нивниот планер.

Првата дата за директна линија која се очекува да биде сега е 14 Јуни по цена од 2150 ден за основен пакет.

Би сакалe да укажам да внимавате со купување на картите од Скопје за Малта да не се доведете во ситуација да купите а летот биде откажан. Компанијата не ги рефундира за 1 ден парите .

Совет при доаѓање во Малта да ги користите алтернативните рути и тоа преку: Атина, Софија или Скопје-Истамбул-Малта!

Сега од Македонската Заедница на Малта започнаа петиција со цел да се олесни патувањето на нашите граѓани во оваа држава.

-Почитувани , одвојте 1 мин и потпишете ја петицијата Малта да ги отвори границите за Македонските и српските граѓани! Потребна ни е ВАШАТА поддршка! Потпиши ја петицијата, гласи повикот.

Доколку сакате и вие да дадете поддршка тоа може да го сторите тука.

Истот така освен петицијата, Македонската Заедница на Малта излезе со уште една молба и начин со кој може да се влијаа:

Почитувани. Потребна ни е вашата помош , Ве замолувам да одите на фан страната на Lovin Malta на ФБ и на постот каде е објавено Македонија и Србија да бидат ставени на “Амбер” листата да оставите ваш коментар.

Ова е битно бидејќи доста малтежани ја следаат ова и страна и значајно ќе ни помогне во нашата цел. Директен линк до објавата.