Македонците во Канада со јасно порака до тамошните политичари

  • By admin
  • септември 17, 2021
  • 0
  • 1087 Прегледи

Во пресрет на парламентарните избори во Канада в недела, Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права ги повика Македонците да гласаат само за кандидати кои јавно ќе се изјаснат против менувањето на името и идентитетот на Македонците.

Според ММДЧП, крајно време е канадските политичари на дело да покажат дека се залагаат за заштита на човековите права, и да се изјаснат против притисоците што се вршат врз Македонија и Македонците.

Организацијата започна кампања во која ги повикува Македонците во Канада да испратат имејл порака до кандидатите.

Дали јавно ќе го осудите менувањеот на името, на идентитетот и на историјата кои брутално им се наметнуваат на Македонците? Ако да, очекуваме да испратите јавна порака со која ќе ни изразите полна поддршка.

Ако не го сторите тоа, ќе ја загубите поддршката на огромното македонско гласачко тело во Канада, особено во Торонто, на овие неизвесни избори, пишува во пораката која македонските гласачи се повикани да ја проследат до кандидатите на изборите.

Во продолжение проследете го целиот апел

„Дали јавно ќе ја осудите промената на името, идентитетот и историјата, кои брутално ни се наметнуваат на нас, Македонците? Ако да, ви благодариме, и со задоволство ја очекуваме вашата порака со која ќе ни изразите полна поддршка.

Ако вашиот одговор е не, тогаш ќе го загубите гласот на Македонците во Канада, кои се огромна гласачка база, особено во пошироката област на Торонто.

Со тоа вие, во овие неизвесни избори, и вашата партија продолжувате да им се додворувате на тие чија цел е на Македонците да ни ги ускратат нашите најосновни човекови права.

Дали ќе почнете навистина да ги браните човековите права, како што наводно се залагате, а со тоа и да ги добиете гласовите на целата наша обединета и силно мотивирана заедница?

Iли ќе продолжите да ловите гласови на ситно? Од вас зависи дали ќе го загубите гласот на Македонците во Канада, а со тоа и изборите.

Ако веќе не сте го прочитале, погледнете го писмото на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права, објавено во Хил Тајмс на 15 септември. Ви благодариме.