Македонски диџеј се нуди бесплатно да пушта музика на матуранти: Се е поскапено, но секој заслужува да прослави

  • By klaster2
  • мај 28, 2022
  • 0
  • 423 Views

Ова се денови во кој матурантите завршуваат едно поглавје во нивниот живот и се насочуваат кон нов чекор во нивната кариера и идинина.

Матурските прослави се во самиот ек, а организацијата, прославите и сите други свечености се про блем што ги ма чи матурантите.

Повеќето девојки поминуваат месеци размислувајќи за нивниот фустан за матура и поминуваат часови и часови во потрага по оној кој совршено ќе одговара.

Момчињата можеби не толку како девојчињата и тие во свој стил се подготвуваат за овој убав момент од нивните животи и прават моменти.

Оваа година се изнагледавме на доста креативни прослави на овие незаборавни мометни, разни игри, прослави, возења, дочекувања и слично.

Претстојниве летни месеци се секако месеци во кој повеќето матуранти сакаат да го прослават овој момент со најблиските, роднините, пријателите и слично.

Сепак овие убави моменти носат и поголеми трошоци, на семејствата на матурантите, но се во зависност од тоа колкава прослава сакаат.

Секој сака добра забава, организација, како во вид на музика, микс од народно па се до диџеј, но не секој може да си го овозможи тоа.

Сепак се уште има има хумани луѓе и артисти, кој знаат да изненадат пријатно и да помогнат таму каде што треба. Еден таков е диџејот Буби Тасев од Кочани кој се понуди за помош и се огласи на социјалните мрежи:

– Другари, бидејќи се е поскапено и живееме во средина каква што живееме, според мене секој заслужува да прослави матурска вечер со најблиските.

– Се нудам на помош, музичка програм, диџеј и озвучување гратис од мене. Се ќе биде ано нимно, нема да се објавува јавно ништо и нема да се зане за кој се работи. Пишете ми слободн, вели Буби Тасев во својата објава на Инстаграм.

Инаку Буби Тасев е младо момче од Кочани пред кого е голема кариера, ги полни клубовите и прави одлични забави а со хуамните потези покажува и за каков човек станува збор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.