Македонскиот ракомет одново завиен во црно – си замина човекот од која започне се

  • By admin
  • октомври 12, 2022
  • 0
  • 269 Views

Ракометната селекција на Македонија ќе ги отвори квалификациите за Европското првенство со натпревар на домашен терен против Луксембург.

Натпреварот на програмата е денес а се игра во „Борис Трајковски, а воедно ова е почето и на нов циклус во кој Македонија и тоа како е подмладена.

Во пресрет на мечот, поточно на неколку часа до истиот пристигна вест која и тоа како ќе ги растажи сите во нашиот национален тим но и во ракометна македонија.

Имено од овој све си замина човекот кој за првпат ја предводеше нашата машка ракометна селекција од клупата.

Денес пристигна уште една не убава за македонскиот ракомет вест која вели дека се упо кои П првиот селектор на ракометната репрезентација, Славе Атанасовски – Чаве, кој долги години живееше и работеше во Скопје.

Атанасовски, кој беше роден 1945 година, ракометната кариера ја почна како голман, но потоа беше прекомандуван во бек. Под негово водство во 1993 година, Македонија го одигра првиот официјален репрезентативен меч, во Романија.

Како тренер покрај како селектор на Македонија, работеше во повеќе тимови, големи достигнувања имаше со велешки Борец и со скопски Вардар. Имаше и ангажмани во Грција каде водеше и клубови и репрезентацијата.

Славе Атанасовски исто така работеше и како професор по физичко образование, имаше и сопствен бизнис во угостителството во Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *