Македонската Барбика распали: Овде има многу неиживеан и непрошетан народ

  • By klaster1
  • јуни 26, 2021
  • 0
  • 3034 Прегледи

Вирусот остави голема трага врз човековото живеење и секојдневите, и е најлошото нешто со што се бори светов овој период.

Фолкерката Сања Цинцева, попозната како Сања Барби реши вирусот да го вреже во музичката историја. Па така деновиве таа ја промовирасе нејзината нова песна.

Таа за емисијата „Бекстејџ“ открива како дошла до идеја за оваа песна и каква порака крие оваа песна.

– Сите добро знаеме колкаво зл о донесе оваа пандемија, од моите колеги никој не се сети да направи нешто вакво. Сите се тмурни и разочарани, па сакав преку оваа песна да ги развеселам малку луѓето, вели Сања.

– Пандемијата влијаесе многу на мене, јас преку песната ги искажав сите мои чуства, бевме под полициски час, ни беше ограничено движењето, дружењето, бевме под притисок, јас сето тоа го скоцкав и го преточив во песна.

Идејата за оваа песна беше лично моја, се искажав низ песната, се надевам ќе ги развеселам барем малку луѓето, вели Сања Барби.

– Песната веќе е на „Јутјуб“ и има доста позитивни коментари но и негативни коментари, од негативните коментари можеме да заклучиме колку негативни личности има овде кај нас.

-Можеби околу 70 проценти од населението се такви, тие се полни со љуб омора и омр аза, кога ги читам тие коментари се смеам на цел глас.

– Неможам да ги разберам значи, тој народ е толку неизживеан, исфр устрирани личности, не прошетани, само седите дома на интернет и чекате нешто да коментирате, да плу кате по некој, без вас неможам да живеам вели Сања за хеј терите.

Таа најави дека наскоро оваа песна ќе добие продолжение, односно „ревакцинација“ со што ќе го добие вториот дел од оваа приказна.