Македонија утрово доби уште еден херој

  • By admin
  • мај 30, 2021
  • 0
  • 589 Прегледи

Рано утрово Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека од утрово во 6:33 часот започна процесот за третата трансплантација на срце во историјата на нашата земја.

Овој пат најден е трет донор, откако претходно тоа го сторија семејствата на Емилија Динева и Верица Белчовска. На двајца пациенти дополнително ќе им се трансплантираат бубрези.

– Доцна синоќа заедно со моите колеги Националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова Мијовска тимот кардиохирурзи проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р Тања Анѓушева ги направивме подготовките за трансплантација на срце и бубрези од мртов донор чие семејство даде согласност да се донираат органите на пациентот.

На тимовите лекари кои ќе ги вршат трансплантациите им посакувам многу успех. Да им држиме среќа, информира Филипче.

Венко Филипче пред неколку моменти се огласи на својот профил на фејсбук каде што сподели добра вест.

„Почна да чука новото срце во градите на 39 годишната жена на која утрово и беше извршена трансплантација. Тешката операција траеше 5 часа. На пациентката и посакувам побрзо опоравување“, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

На Фејсбук профилот на доктор Жан Митрев беше соопштено дека успешно направена третата срцевата трансплантација.

-Кога е човечки живот во прашање не е важно дали е ден или ноќ, викенд или работен ден. Согласно претходно извршените подготовки, рано утрово околу 6:30 часот тимот кардиохирурзи го почна оперативниот зафат со цел трансплантација на срце од починат донор.

Во просториите на државната кардиохирургија Академик д-р Жан Митрев заедно со д-р Никола Христов и проф. д-р Сашко Јовев од државната кардиохирургија придружени од анестезиолозите, како и тим на перфузонисти, инструментари, медицински сестри ја изведоа оваа операција која траеше околу 5 часа со што и официјално успешно беше извршена третата трансплантација направена во нашата земја.

Станува збор за 40 годишна жена чие семејство даде согласност, нејзиното срце да продолжи да чука во градите на 32 годишна жена.

Исто така се очекуваат уште две бурежни транспланатации во текот на денешниот ден.Голема благодарност и на сите останати доктори од кардиохирургија кои зедоа учество, како и другите членови на тимот од Клиничката болница Жан Митрев: д-р Тања Анѓушева, Александра Темелковска и Катерина Ристовска-Јанев.

Секако голема благодарност на доц. д-р Маја Мојсова Мијовска – националната координаторка за трансплантација, напиша др.Митрев.

Па така Македонија по Емилија Динева, Верица Белчовска сега доби уште еден херој, повторно жена чие име ќе остане запишано во историјата на нашатата држава.