Македонија на денешен ден загуби многу познати личност: 4-ти мај како судбина

  • By admin
  • мај 4, 2021
  • 0
  • 256 Прегледи

Денешната дата, 4-ти мај за многумина не претставува некоја позначајна дата, но за Македонија и нашата држава овој ден буди многу спомени, но не пријатни.

Кога ќе се спомени 4-ти мај она што прво ги асоцира нашите граѓани е денот кога од овој свет си замина Ѓорѓи Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев во 1903 година во село Баница.

На овој ден се одјави и Васка Илиева, македонска пејачка, доајен на македонската народна песна и една од најпознатите македонски изведувачи на народна музика.

Таа се упо кои на 4 мај 2001 г. во родното Скопје на возраст од 77 години, оставајќи зад себе богато културно и духовно наследство.

Јосип Броз – Тито — југословенски комунист и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија во Љубљана на 4 мај 1980 се пресели на другиот свет.

На денешен ден точно пред една година не растажи веста дека како последица на вирусот, познатиот македонски шоумен, пејач и водител Драган Вучиќ не издржал.

Водителката Милена Антовска Станковска од Канал 5 сподели потсетување на својот профил на фејсбук за Драган во кој вели:

Се сретнавме случајно пред неполн месец, двајцата со заштитни маски пред една аптека. Не можевме да се поздравиме и гушнеме заради ситуацијата, но си рековме дека ќе се слушнеме и ќе се видиме кога ќе заврши короната.

Денеска со огромна бол ка во душата пробувам да ја прифатам информацијата дека повеќе те нема. Во мислите сум со твојата сопруга и твојот син и им ја пуштам цела сила да го пребродат ова.

Кој што сака нека каже, ти Драган Вучиќ за мене беше и ќе останеш прекрасен пријател и највеликодушен човек на цел свет.

Секогаш ќе се сеќавам на многубројните дружења од кои за жал немам многу фотографии, но имам спомени за цел живот. Ти си легенда на македонскиот телевизиски етер. И не е случајно што заминуваш на ист ден со Гоце Делчев, Васка Илиева, Тито… Поч ивај во мир драг пријателе.