Македонецот Живко кој се образовал во САД својата иднина ја гледа во Македонија

  • By klaster1
  • јули 11, 2021
  • 0
  • 8498 Прегледи

Неверојатна приказна доаѓа од Живко Колевски, младо момче, кое ги ру ши сите граници, момче кое завршило Вое на воздухопловна академија, во САД, и знае како ,,дишат” авионите, а својата иднина ја гледа во Македонија.


Желбата уште од мали нози ми е да станам пилот, таа љубов кон летањето ми ја врежа мојот татко кој ми ги покажа сите основи.

Ми се укажа прилика кога завршив средно да отидам во САД на Вое ната Воздухопловна Академија во ,,ВВА” во Колорадо.

Патешествието за заминување во започнало уште кога тој имал 16 години, се пријавил на конкурсот, Живко полагал англиски математика по што следувале и физички проверки.

– Имаше норми 72 пати по 2 минути склекови, имаше стомоачни, исто така 21 згибови, спринт од 600 метри кој треба да се истрча за максимум минута и триесет.

По интервјута во нашето министерство за одбрана дошле и интервјута и тестирањето во американската амбасада, од 25 кандидати само Колевски поминал, а од таму започнува и приказната.

– Две недели по мојата матура, се качив во авион и заминав во воздухопловната академија во САД, за разлика од другите академии во САД, на во ената академија мора да се живее во кампусите сите мора да бидеме заедно.

– Целата академија се состои од околу 4 500 луѓе, поделени во 40 сквадрони, целта на таква селекција е да осетиш, што те чека понатаму и како се дели и организара вој ската таму.

– Таму доживуваш буквално се, му го гледаш лицето на некој што е изн емоштен ,гладен и желен за успех и така станувате браќа, вели Живко за ,,Зевзекманија,,

Во неговот школување се состојат 8 семестри, во секој семестар има по 10 предмети, секојдневно учење, испрашување, пишување…

– Инжинерските книги се околу 300- 400 страни зависи од предметот, но морам да признаам во тие страни нема толку за читање колку што има математички поими, и образложување како и скици.

– Ние таму правиме макети на авиони и разни летала, праксата таму е најбитна, од секој предмет имаш пракса, а на крајот финален испит од целиот материјал.

– Од понеделник до петок имаме слободно време само за теретана и јадење, целта на тој професор е да те научи, таму нема да ти каже не те бива, не знаеш.

– Доколку кажеш дека незнае или не ти е јасно, ти мора да одиш на дополнителни часови, и нема шанси професорот да те пушти од неговата канцеларија ако нешто незнаеш, вели Живко.

Од 1250 кандидати завршиле 1020, а просекот на Колевски е 8.7

– Мојата диплома е воздухопловен инженер, во областа на дизајн на аеро профили, исто така правење на мотори на авиони, а тоа што сакам јас да го правам во иднина е поврзано со летањето на авиони.

– Со оваа диплома во АРМ, можам да работа како инженер, да се занимавам со хелихоптерите кој се моментално на Петровец.

– Доколку ми се отвори прилика би станал пилот, тоа е уште година ипол до две учење и летање. Така да се уште не запира образованието.

Составен дел од школувањето во Колорадо било и рекреативното летање, а Живко на почеток управувал со едрилица.

– Имав шанса и многу сум благодарен што летав со млазниот авион Т-38. Кој е авион за тренинг за понатамошни пилоти на бор бени авиони.

– Најинтересно е што во тој авион имав прилика да го пробијам звучнио ѕид, кој беше едно огромно искуство за мене, надвор од авионот се слуша еден многу силен звук и може да се види како се прави еден голем облак околу крилата, тоа е резултат што авион односно крилата се движат побрзо од звукот.

Инаку за време на летање со овие авиони се користат специјални панталони кој ја регулираат циркулацијата, а се прават и посебни тренинзи околу дишењето.

– Посебниот начин на дишење е да не дозволи земање на преголеми воздишки, односно да имаш кратки дишења, за да не се спушти притисокот во белите дробови, со што би резултирано со губење на свест на пилотот.

– Имаме обичај кога ќе го завршиме последниот испит, скокаме со колегите во фонтана, односно мал базен, но бидејќи Колорадо е на голема надморска височина, таму има снег и во месец Мај.

– Беше почетокот Мај, тогаш го завршивме последниот испит, и заедно со колегите, скокнавме во студената вода, вели Колевски.

– Скоро една третина од студентите таму се женски, често има и љубовни стории, и примери каде што после завршување на студирањето тие се венчаат, но строго е забрането за време на школувањето да има било какви работи.

Живко Колевски црта, моделира и креира авиони, знае да се грижи за нивното здравје, да ги одржува во форма, а својата иднина ја гледа во Македонија, а најголема љубов му останува летањето.