Луѓе од цела Македонија одат во кичевскот село Свињишта да полна вода од една причина

  • By admin
  • мај 16, 2021
  • 0
  • 4425 Прегледи

Телевизија ТВ 21 носи сторија за селото Свињишта во Кичево кое е мало, но со големи природни убавини каде има непресушен извор со минерална вода. Постојано тече од две чешми, а извира од планински извор.

Возрасните жители на селото ја кажуваат целата историја за изворот кај селото каде што доаѓаат луѓе од цела Македонија за да наполнат минерална вода.

Додека ТВ21 беше во селото, многу луѓе доаѓаа дојдоа на чешмата. Велат дека водата е лековита за разни болести. Некогаш во само еден ден 60 луѓе полнат вода тука.

Поминутаат по стотици километри за да дојдат до чешмата. Но, последните неколку метри ги поминуваат пеш. Патот пред изворот е уништен и веќе неколку години не е саниран.

Ниту патот кој минува низ селото не е ништо подобар.

Селото е познато по изворот, но наместо да се радуваат овие 40 жители што живеат тука, тие живеат во страв бидејќи ниту Брза Помош ниту Противпожарна единица не можат да се пробијат до нив.

Селото има и други извори со чиста вода кои извираат од планината и се влеваат во реката. Жителите се разо чарани. Бараат надлежните да преземат мерки и да го санираат патот до селото и да ги исполнат дадените ветувања.

Велат дека доколку ова богатство било во некоја европска држава, патот би го послале со тепих, а не со асфалт.

Целата сторија со видео прилог проследете ја на ТВ 21.