Лука живее без вода, а често и без струја: Едвај чекам да се вработам за да можам да ги купам лековите на тато

  • By klaster3
  • април 3, 2022
  • 0
  • 863 Views

Седумнаесетгодишниот Лука Стевановиќ од селото Липовица кај Деспотовац живее во незамислива бе да и сиромаштија, повеќе гладен отколку сит.

Секој негов оброк зависи од добрата волја на хуманите луѓе. Ова скромно момче секое утро се буди со надеж дека еден ден ќе стане подобро.

– Јас не бирам што ќе јадам, јадам тоа што носи некој од добрите луѓе. Важно ми е да имам сила да му помогнам на тато, а уште поважно ми е да има лекови и да е добро – вели тој.

Лука има една голема желба – сонува еден ден да има куќа и убава кујна во неа. Тој учи да биде готвач и би сакал да има каде да ги покаже своите вештини.

– Мојата најголема желба е да имам куќа со кујна. За себе и за татко ми би подготвил се што сакаме да јадеме – вели со насмевка на лицето Лука.

Лука живее со својот татко Голуб во стара трошна куќа, без соседи, без асфалтиран пат каде што нема ни вода, ни бања туку еден надворешен тоалет недалеку од куќата.

– Немаме ни купатило, ни вода, па носиме за капење од бунарот и грееме, но ако го запалам светлото и го вклучам шпоретот во исто време, струја ќе снема.

Во близина на куќата има стара барака каде има расипана машина за перење, стар бојлер и уште некои кујнски елементи кои одамна не се во функција.

– Порано имавме овци, многу ги сакам, но, поради сиромаштија моравме да продадеме сè – раскажува Лука.

Старата куќа на Стевановиќ има три соби, од кои само две се за употреба. Пренатрупани со антички, трошен и распаднат мебел, тешко е да се влезе внатре.

Таткото на Лука е болен, па не е во состојба да се грижи за себе или за својот син. Неговата ќерка по чинала по пад од трактор. Се развел од жена му и таа заминала во Германија.

– Најмногу ми е жал што немам сила да се грижам за Лука. Земам многу лекови поради моето лошо здравје, па кога ќе почнат болките често не можам да станам од кревет. Затоа мора да ги работи сите надворешни работи и тоа најмногу ме боли – вели Голуб.

– Морав да го напуштам училиштето и да бидам таму до татко ми, да му помогнам бидејќи често е многу болен. Да, ми недостига училиштето и другарите, но неговото здравје ми е поважно од се – вели момчето.

– Бидејќи немаме вода во куќата, морам да ја носам од бунарот во кофи. Лесно е кога е за пиење, но за капење и перење одам безброј пати – раскажува Лука, криејќи ги рацете со плускавци.

– Едвај чекам да го завршам училиштето, да се вработам во ресторан и да му ги купам на татко ми сите лекови од мојата плата – заклучува тој за Блиц.рс.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.