Лозано: Треба многу внимавање, секоја грешка скапо се плаќа

  • By klaster2
  • мај 11, 2022
  • 0
  • 364 Views

Несомнено популарниот ,,Лозано” е еден од најквалитетните музичари на македонската сцена а воедно и еден од најбараните.

Тој деновиве извади нова песна, работи на нови проекти а екипата на ,,Бекстејџ” разговараше отворено со него на неколку теми.

Влатко Лозаноски – Лозано е македонски пејач. Роден е на 27 јуни 1985 година во Кичево. Заедно со Есма Реџепова, ја претставуваше Македонија на Евровизија 2013 година во Малме, Шведска.

Негов прв јавен настап беше како член на македонското талент шоу Мак Ѕвезди во септември 2007 година. Еден месец подоцна, тој доби гран при награда на првиот Македонски Радиски Фестивал наречен Ѕвездена ноќ.

– Утрински човек сум. Генерално памтам се што треба да завршам во текот на денот па дури и ситници, ако не тука е апликацијата ,,Ремајднер” на телефонот, која те потсетува.

– Не измислуваме топла вода, не сме од вчера во оваа работа, па се трудиме секоја песна да биде подобра од претходната.

– Секако песната ,,Километри” одбележа еден голем момент во мојата кариера и беше едно скалило погоре, вели Лозано во емисијата ,,Шоу Магазин”

– Како дете бев динамичен, не се прибирав дома по цел ден, такви беа тие времиња. Бев по спортот доста долго, но сепак не го избрав.

– Музиката ми беше на прво место, а фудабалот хоби. Уште од мали нозе бев по играорните друштва и свирењето, додава Лозаноски.

– Евровизија за мене е најголем чин, големо достигнување, но воопшто не е лесно да заминеш и да настапиш таму, треба многу винмавање.

– Ние сме сентиментален народ и мора да се внимава на се, од минатите години сме сведоци дека секоја грешка скапо се плаќа.

– Треба многу повеќе поддршка за изведувачот. Бидејќи се има голем товар таму. И јас имав товар, кој некој треба да ти помогне да го поминеш.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.