Лиде до Венко: Министере едно кафе барам да пиеме, ништо повеќе

  • By klaster1
  • јули 8, 2021
  • 0
  • 2392 Прегледи

Не постои човек во земјава кој баре еднаш не слушнал за ,,Лиде на Венко,, која откако започна пандемијата со вирусот се прослави на социјалните мрежи.

Таа во скоро секоја објава на социјалните мрежи го спомнуваше министерот за здраство Венко Филипче и го покануваше на кафе средба.

Но таа кафе средба сеуште се нема случено, а екипата на ,,Бекстејџ,, стапи во контакт со Лиде и зборуваше на таа тема и дали сеуште постои желбата за кафе со првиот човек на здраството.

– Министре значи крајно време е, помина и големиот бран на вирусот, дај ве молам само едно кафе, не барам да ме ставите ПР, иако ги надминав и нив, вели таа.

Имено пред некој период Лиде оствари средба со Венко Филипче но тоа спонтано и помина само со фотографија, која наиде на овации на социјалните мрежи.

– Се видовме на кратко со него, но поминавме само со фотографија, тој рече дека е зафатен и дека кафето ќе го испиеме следна прилика.

– Јас кога го видов бев малку збу нета, но ми потоа се смирив и направивме малку муабет, но навистина се надевам дека ќе пиеме кафе, вели Лиде.

– Во јавноста можам да кажам дека доста ме познаваат, некои и ми пријдуваат некој не, инаку сега во последно време нема многу пресови.

– Па така знам во последно време на социјалните мрежи, особено на инстаграм да поставам фотографија со ,,меме“ направено.

– Често знам да му пишам дали на Фејсбук или на Инстаграм, сакам да сум во контакт, вели Лиде која стана доста популарна во време на вирусот инсистирајќи на среба со Филипче.

Лиде досега си ја оствари само половично својата голема желба, доби фотографија, но пред камерите на Бекстејџ вети дека наредното интервју ќе биде на кафе состанокот со Венко Филипче.