Лепа Брена конечно го оствари својот голем сон за кој сонува уште од осумдесетите. Познатиот белградски хотел беше домаќин на семејството Живојиновиќ кое ја промовираше својата нова компанија, како и линијата на женски чорапи под името „Lady B“.
Подготовките кои траеја полни две години пред два дена се реализираа со промоција на која како заштитно лице на споменатиот бренд се појави Лепа Брена.
„Ова е всушност мојата голема желба од 1987 година, бидејќи чорапите, како што знаете, се делот од модната колекција што најмногу се кине.
Боби можам да го наречам не само човек кој ми ги исполнува желбите, туку и сфаќа нешто што беше за мене невозможна мисија.Благодарение на него, неговата упорност и како и желбата на Филип да биде вклучен во целиот наш проект, изјави фолк дивата по ревијата на која присуствуваа многу јавни личности.
„Кај нас има масовен на пад врз жените кои имаат целулит, дека се постари, после 50 години веќе ве нарекуваат со пејоративни имиња. Сакав да им ставам крај на овие угн етувања и да создадам хулахопки во кои можете да носите мини здолништа, откри Брена и додаде:
“Знаете дека пеам и танцувам на високи потпетици веќе 40 години и дека тоа е напорна работа. Една година ги носам моите специјални хулахопки.
Во нив можете да се чувствувате удобно и слободно. Тоа се хулахопки кои имаат посебна хијалуронска киселина вткаена во нишките како и наночестички златен прав, што дава дополнителна можност за удобност“.
„Цената што ја предложија за чорапите од 100 евра е невозможна за Балканот. Ќе биде од 20 до 30 евра максимум. Јас повеќе би сакала производот да се купува масовно, отколку да може да биде купен од ретки луѓе“, заклучува Брена.
На објавата дека Брена основа нов бизнис и направи фотосесија во која изгледа брут ално, подмладено, згодно, на социјалните мрежи македонската јавност ја нарече со секакви погрдни зборови.
На тоа нашата позната пејачка Ирена Спасовска имаше што да каже во одбрана на Брена: „Ма каква стара крава,годините се само бројка а многу помлади до колена не можат да и бидат.
Одлична е,нозете и се заштитен знак и бизнисот со чорапите го погодила.Зл обниците не престануваат да навредуваат но тоа се само нивни утешителни зборови
Е па луѓето наместо да работат на себе, пу каат од маkа за луѓе кој пак тие воопшто не ни знаат дека постои некој што ги плука и лечи фрустр ации преку нив..битно е животот убаво да тече…друго не е битно нека си ладат уста само тоа им останува..“