Актерот Лазар Бараков, беше најпрепознатлив по улогите во Македонските народни приказни и секако еден од најомилените ликови.
Лазар Бараков кој е роден во Мокрино, Струмичко и долги години беше омилениот лик на Македонските народни приказни, заедно со Ѓорѓи Колозов, Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски.
Лазар Бараков денес е во седмата деценија од животот, кој како што вели го натерал да работи најразлични работи, а никогаш да не се срами од тоа. А работата како и животот оставаат траги на сите нас.
На приватен план, Лазар Бараков е среќен и горд татко на трите деца, кои не продолжија по неговите стапки, но сепак се успешни личности и пред се добри и воспитани деца.
Тој истакна дека нешто од внатре го терало да стане актер. „Моите родители мислеа дека студирам нешто друго. Арно ама, кога за првпат се појавив на еден бугарски филм, разбраа дека не сум тоа што требаше да бидам.
Бараков исто така рече дека вреди да се биде актер, но поради народот, не поради материјални добра.
Голем број генерации во Македонија израснаа со Македонски народни приказни, а и ден денес многу од нив се гледаат и по неколку пати.
Пред неколку дена Бараков се огласи на својот профил на фејсбук со заедничка фотографија со неговиот колега Владо Дојчиновски и напиша:
Без ука , нема наука . Без работа нема леб !… Наскоро на Сител ТВ- нови приказни со народни поуки…