Курсат доби 10 милиони евра, си купи Порше и Ферари, а сега бара жена и има еден услов

  • By klaster2
  • ноември 14, 2022
  • 0
  • 189 Views

Курсат Јилдирим од Дортмунд на 24 септември освоил 10 милиони евра, по што дал отказ и купил Ферари и Порше од 450 и 250 илјади евра.

Овој среќник за странските медиуми откри дека игра лото веќе 15 години и дека без разлика на освоената сума, планира да продолжи да игра игри на среќа. На прашањето зошто купува толку скапи автомобили, тој одговори:

– Поради хеј терите, поради сите љубоморни луѓе. Најдоброто нешто во сето тоа е што може да ги направи луѓето толку среќни. Парите веднаш ги префрлив на моите родители и брат.

И иако сега може да има се, сепак не нашол животна сопатничка, па решил да си најде жена со помош на медиумите за кои вели:

– Ве молам нагласете во вашата приказна дека сум сингл. Може да биде русокоса или бринета, не ми е гајле – рекол во интервјуто и нагласил дека сака да се заљуби во некоја со која ќе го пропатува целиот свет.

Странските медиуми направија посебен мејл за пријавување, а како што беше нагласено, досега не виделе толку голем интерес. Понудите се слеваат од сите страни, а Курсат вели дека е многу внимателен кога се во прашање жените и парите.

– Ми треба жена на која можам да и верувам што и да се случи. Можам многу добро да се грижам за себе. Ги презедов сите неопходни мерки. Парите се во сигурни раце – рекол милионерот и истакнал дека е свесен дека сега многумина ќе се дружат со него од чиста корист.

– Одеднаш сите ти се пријатели. Наеднаш почнаа да ми се јавуваат луѓе со кои немав слушнато со години и ненадејно да ми бараат пари.

Не жалам што објавив дека добив на социјалните мрежи. Сите треба да знаат, бидејќи 90 проценти од нив се љубоморни и мислат дека не го заслужувам тоа.

Сепак, не ми е гајле. Никогаш нема да заборавам од каде дојдов. Јас сум од работничката класа. Никогаш нема да станам аро гантна личност – рече тој.

Додека не ја најде вистинската жена, Курсат планира да оди во Африка за да им помогне на сиромашните деца. Тој откри дека се молел на Бога да направи нешто добро за него.

И како што вели, сега сака да му возврати во иста мера. Дами, ако ви се допаѓа Курсат, слободно побарајте го на социјалните мрежи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.