Кристина Арнаудова воодушевена по настапот на Васил Гарванлиев: Совршено

  • By admin
  • мај 19, 2021
  • 0
  • 446 Прегледи

Вчеравечер се одржа првото полуфинале на избор на песна за Евровизија која оваа година се одржува во Ротердам. Под реден број 6 настапи и нашиот претставник Васил Гарванлиев со моќна изведба на песната „Here I Stand“.

Васил на сцената се истакна со моќниот настап, одличната вокална изведба, многуте емоции, но и специјалните ефекти кои собраа голем аплауз од публиката присутна таму.

Васил несебично го даде својот глас и сите свои емоции на сцената создавајќи моќна и емотивна атмосфера, но за жал без пласман во големото еврозизиско финале.

Сценскиот настап, го означи и откопчувањето на палтото под кое се наоѓаа мали огледала на неговото торзо кои создадоа рефлексија која ја осветли целата сцена.

На синоќешната прва полуфинална вечер беа одбрани првите 10 финалисти, меѓу кои се Норвешка, Израел, Русија, Азербејџан, Малта, Литванија, Кипар, Шведска, Белгија, Украина.

На првите финалисти ќе им се придружат на претставниците на Холандија, Велика Британија, Шпанија, Италија, Германија и Франција во големото финале кое е закажано за 22 мај.

Васил Гарванлиев изјави дека Евровизија е само почеток на едно неверојатно патешествие откако синоќа не успеа да се пласира во неделното големо финале во Ротердам со песната „Стојам тука“

„Ова беше историски момент. И повеќе од тоа, мојата приказна. Застанав на таа сцена со цел гордо да ја претставувам Македонија и пеев за сите нас.

Благодарен сум и горд и ова е само почеток на едно неверојатно патешествие. Стојам тука за вас, најдоброто допрва следува“, напиша Гарванлиев на Фејсбук.

Неговата колешка, пејачката Кристина Арнаудова се огласи денес на својот профил на фејсбук каде што сподели видео од настапот на Васил и напиша:

-Не гледав вчера, и сега го чув. Совршено отпеано. Другото е работа на вкусови.