Коста од Кичево е еден од последните мохиканци во својот занает – подготвува нешто интересно

  • By admin
  • јуни 27, 2021
  • 0
  • 1823 Прегледи

Старите занаети во Кичево исчезнуваат. Тешко дека може да најдете казанџија, ковач или кожар, се вели во репортажата на ТВ 24.

Во стариот дел на Кичево може да се најде само еден казанџија, тој е Коста Галимановски кој овој занает го наследил од неговиот татко и дедо и работел од многу рана возраст.

Сите овие изработки ги направил сам, како казани, казани за вино, тепсии, штитот на Ѓерѓ Кастриот Скендербег, за кој вели дека отишол до Круја за да види одблизу како изгледа, итн.

ТВ21 го затекна овој занаетчија работејќи на традиционална тепсија во стар стил.

Тој продолжува со работа и и дава форма на тепсијата која се користи и ден денес од нашите мајки бидејќи е практична за традиционалната храна.

Тепсијата доби вистинската форма од мајсторот и е подготвена за употреба.

Тој вели дека секој ден се намалува интересот за нивната работа, па дури многу слаб е и интересот за младите занаетчии. И неговиот син ветил дека ќе го научи овој занает за да ја продолжи традицијата, но тој не е сигурен дали ќе го работи тоа како професија.

Затоа за да го направи интересен занаетот за младите, Коста подготвува изложба.

„Изложбата се нарекуба „Балканот низ времето“, ќе има меѓу 15 и 25 штитови меѓу кои ќе бидат пет од Македонија, два од Албанија, два од Грција, два од Бугарија, два од Србија.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ 24.