По повеќе од две децении професионален ракомер, безброј постигнати голови и освоени трофеи, најдобриот македонски ракометар, неодамна Кирил Лазаров објави дека заминува во пензија од активно играње.
Почитувани, моето долго и прекрасно патување дојде до самиот крај. Одлуката беше тешка да се донесе, но сепак очекувана. Тешка затоа што го работев тоа што го сакам, од срце, со многу страст и ентузијазам.
На моја возраст не е нималку лесно да играш на високо ниво во клуб со големи амбиции и очекувања, и во лига чија национална репрезентација веќе две децении доминира во светот на ракометот.
Не сакав оваа одлука да ја соопштам многу порано, иако знаев дека е крај, дека е последна сезона. Сакав да бидам професионален и мотивиран, каков што бев во текот на целата моја кариера. Кога нешто работиш со голема љубов, можеш да поместиш граници.
Заминувам со гордо крената глава, играјќи за клубови-институции како Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Барселона, Нант. Клубови, градови и земји каде останував минимум пет години, што ја покажува обострано стекнатата доверба со луѓето со кои соработував. Довербата се стекнува со многу труд, посветеност, константност.
Тоа посебно ме прави горд што не затворив врата во тие спортски институции. Почнувајќи од мојот матичен клуб, Овче Поле, преку Борец и Пелистер, полека, со правилни одлуки и цврсто на земја, без никакви илузии, зачекорив со Европа.
Многу титули, многу успеси и разочарувања, подеми и падови, победи и порази, ситуации каде некогаш не се гледал излез, но со многу верба, посветеност и чесност успевав да застанам на нозе и да продолжам понатаму, напиша во дел од објавата.
Она од коешто Лазаров со сигурност беше изненаден беше спектакуларното збогум од клубот кога сите присутни на трибините ставија круни на своите глави, ракометарите беа облечени во специјални маици, а кога Лазаров се појави во салата го чекаше круна и кралски стол.
Веднаш зад него беше неговото најголемо богатство, поточно фамилијата. Сопругата Љубица и ќерката и синот Благојче и Лана кои Кире не ги експонира многу во јавноста.
Но, во интервју за Шоу Магазин, Лазаров откри што неговите деца мислеле за неговата професија и како ги воспитуваат со сопругата.
– Моите деца сега кога зборевме за крајот на кариерата ме тераа да играм уште. Тие живееја со мене, сакаа да одат на натпревар, да гледаат како играм.
Беа незадоволни од тренерот кога нема да ми даде поголема минутажа. Тие го прифатија моето отсуство дури и ме поддржуваа.
Сум задоволен заедно со мојата сопруга како ги воспитуваме, се уште треба, и како ги насочуваме дека треба да се бо рат сами за себе, да ги почитуваат другите луѓе, да не гледаат кој им е татко, како се вика име и презиме.
Да се бо рат сами за своите животи и својата иднина и мислам дека сме на добар пат, заклучува Лазаров во интервјуто за Шоу Магазин.