Кастрати и Ангела не сакаат да си го крстат детето: Кога ќе порасне сама ќе избере, најважно е да се сакаме

  • By klaster3
  • април 22, 2022
  • 0
  • 739 Views

Манекенката Ангела Шимац (25) и фудбалерот Лирим Кастрати (22) пред еден месец ја добија својата ќерка. „Добредојде, бебе Индија“, напиша Ангела, но сега откри дека не планираат да го крстат девојчето бидејќи не се религиозни.

– Впрочем, јас сум родена во католичко семејство, а Лирим во муслиманско. Нема да ја форсираме ќерката на вера, кога ќе порасне, таа ќе избере во што сака да верува – вели Ангела.

Двојката се уште не планира да се венча, иако фудбалерот тоа го сака, но Ангела вели дека хартијата не и значи ништо во животот.

– Најважно е да се сакаме. На крајот на краиштата, сега кога добивме дете, станавме вистинско мало семејство – заклучува манекенката.

Да потсетиме, Ангела Шимац на крајот на март го роди нејзиното бебе. На социјалните мрежи, само девет дена по породувањето, таа се пофали со првото патување на малото девојче.

– И првиот лет на девет дена. Не застануваме додека пасошот не се истроши како мојот – напиша таа покрај фотографијата. Таа ја покажа и завидната линија која ја врати во рекордно време, позирајќи пред огледало.

– Некој пред бременоста ми кажа дека никогаш повеќе нема да имам рамен стомак. Еве денес, десет дена откако се породив, порамен е од пред бременоста.

Мојата единствена желба е да бидам многу подебела од сега, се надевав дека ќе накачам барем 15 килограми (сакам килограми и дебелина), но генетиката не ми дозволува.

Добро е да се биде фит, но јас претпочитам маса. Во моментов сум задоволна бидејќи немам вишок кожа и одам во лов на килограми – напиша Шимац.

Ангела првично требаше да се породи во Полска, каде што живеат поради фудбалската кариера на Лирим, но парот непосредно пред породувањето замина во Хрватска поради непријатно искуство од Полска приватна клиника.

Ангела на својот Инста Стори зборуваше за се и откри што точно се случило што решила со полн стомак да тргне на 10-часовно патување во Хрватска.

– Испратија главен лекар кој не знае ни збор англиски. По исплачаните солзи си заминав на сопствен ри зик. Многу сум благодарен на поликлиниката во Загреб која реши веднаш да ме прими!

Се надевам дека некој ќе научи од моите гре шки и нема да се обиде да се породи во „леви“ земји, како Полска. И да, Хрватска пред се“, напиша на крајот инфлуенсерката.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.