Кандидатот за градоначалник Ристе од Карбинци го иселија на сила, двете деца останаа на улица

  • By klaster1
  • јули 14, 2021
  • 0
  • 4560 Прегледи

Од кандидат за градоначалник во 2013 година за Општина Карбинци, денеска господин Ристе од село Долни Балван, мака мачи со извршители и судови.

Со многу мака, напор и труд создава семејство, топол дом, денеска се соочува со ситуација да треба да се исели од истиот.

Неговата животна го лгота започнува пред неколку години, отакако по исплатена милионска сума пари Бањоглав утринава повторно се соочува со стара слика, налог да се исели од неговиот дом, во кој тој живее со неговата мајка, сопруга и две малолетни деца.

Неговата ситуација ескалираше денеска, кога неговата мајка беше уапсена, а тој на сила беше иселен од дома, со присуство на полиција и извршители.

Откако пред еден месец му се појавија на врата полицајци и извршители тој доживеа низа незгодни моменти и неправилности.

Денеска по трет пат дојдоа и го иселија Ристе од домот, каде што живее работи и твори заедно со двете деца остана на улица.

– Од сабајле овде има кордон на полиција, децата спиеја, тие дојдоа ги собраа и ги однесоа, од 640 илјади денари долг платив милион и двесте им платив.

Како што истакна Бањоглав пред камерите на ,,М-нет,, телевизија наместо да пристигне писмо како што е законот и да ги извести што како, а тие можат да се жалат во рок од три дена, извршителката сама дошла со решението за иселување и започнала со процесот.

– Сите ја знаеме добро извршителката Силвана која направила и други низа неправилности, мојот имот е ставен на лицитација 18 пати.

– Таа е државен работник и треба да служи на државата, погледнете што се случува, каков кри минал е, две деца останаа на улица.

– Јас творам и работам во оваа држава, дали сум јас жител на оваа држава, јас имам куќа и место на живеење, нема да дозвола да станам социјален случај.

– На таа личност и сум и го платил долгот 18 пати, за да таа се шета во Дубаи, а јас на улица да останам. Екипата на М-нет се обиде да добие одговор но таа категорично одговорила ,,не,,

Ова не е прв ниту единствен случај на ваква слика во државата. Пред само неколку месеци со иста ситуација се соочи и семејство Трајкови од Штип.