Како се живее во селото Корона: Поради популарноста останаа и без својот знак

  • By klaster2
  • јануари 18, 2022
  • 0
  • 159 Views

Акутелниот вирус веќе две години е дел од нашето секојдневие, за жал тој не промени многу како на здраствен така и на финансиски план.

Изгубивме доста блиски роднини, пријатели и слично, па може да кажеме и дека се навикнавме на животот со него и сите предизвици што ги носи.

Но токму името на овој вирус стана најупотребуван збор во последните години, а некој населени места, продукти кој го носат истото име станаа доста популарни.

Има град по име Корона во САД како и села што нам ни се поблиски. Пред две години само малкумина знаеја за две мали села во Истра, по име Корона.

Во Хрватска дури две села се нарекуваат Корона. Тие се релативно блиски и многу малку луѓе живеат во нив. Сепак, пандемијата им донесе нова „популарност“.

„Пет луѓе и 70 крави. Неколку мачки, кокошки, по малку од се“, вели Габриел, жител на Корона, толку многу живи суштества во местото, вели тој пред камерите на ,,Дневник.хр”

Местото се нарекува Корона поради неговата форма, вели тој. „Како се составуваат куќите, затоа што на италијански ја има таа конотација.

Габриел, исто така, тврди дека во неговото село нема заразени од актуелниот вирус: Бидејќи живееме во Корона, би рекле дека сме автоимуни, без шега, живееме таму на село со животни“, објаснува тој.

Но, ја чувствуваат атмосферата за пандемијата – минатото лето некој во текот на ноќта ја ук рал табла со името на населбата, но пред тоа многумина застанале до таблата да се фотографираат.

„ Претпоставувам дека некому му се допаднало, па го земал за сувенир, претпоставувам дека сега стои во некоја кафеана“, заклучува Габриел.

Друго место во Истра се вика исто така Корона. Бројот на куќи и жители може да се изброи на прсти од едната рака. Не им се допаѓа популарноста што ја има селото поради името, а соседните села, како што се шегуваат, се негативни поради нив.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *