И после да не се чудиме зошто Македонците заминуваат во Германија – разликата 1950 евра

  • By admin
  • април 30, 2021
  • 0
  • 473 Прегледи

Работниците во земјава работат најдолго, а земат меѓу најмалите плати, но не може да се пофалат со продуктивност. Потребни се промени во образованиете, инвестиции во технологијата, почитување на работничките права за да се зголеми продуктивноста, што би довело и до поголеми плати.

Работниците во Македонија се на врвот во Европа со најдолга работна недела, но се меѓy оние кои земаат најмала просечна плата. Според податоците на европскиот Завод за статистика „Евростат“, просечното работно време на работниците во земјава е 39,6 работни саати неделно, со што земјата е на четврто место во Европа по должината на работната недела.

Пред Македонија се Грција, Србија и на прво место Црна Гора со 44,5 часа неделно. Пократко од работниците во Македонија, работат работниците во Германија, каде просечната работна недела е 34,2 часа, во Италија 35,6 и Франција каде работната недела трае 36,3 часа.

Просечната плата, пак, во земјава изнесува 27 948 денари или околу 450 евра. Податоците покажуваат дека во оние земји, каде работната недела трае пократко, просечната плата е од три до речиси шест пати повисока од македонската.

Во Германија просечна плата е 2400 евра, во Франција 2000 евра, а во Италија 1600 евра.

За тоа како да се зголеми продуктивноста, а со тоа и да се добиваат повисоки плати, бизнисменот Мендерес Кучи вели дека треба да се вложува во образовниот процес на идните работници и во технологијата за работа.

„За образованието ние како бизнис заедница долго зборуваме, односно дека освен теоретски дел треба да се воведе и практичен. Да се смени во корен системот, зошто е беспотребен за ова општество и го кочи системот, а тоа после се рефлектира и со незадоволство кај вработените, зошто не се ефективни и тоа не само во приватниот сектор, туку и во државниот.

И од друга страна услугите и производството не се на ниво кое го очекува работодавачот“, вели Кучи.

Целата сторија проследете ја на Радио Слободна Европа