Повеќето европски земји веќе почнаа со намалување или укинување на рест рикциите поврзани со корона вирусот.
Во нашата земја неодамна се донесе одлука дека маските не се задолжителни за учениците во основните училишта, не се бараат сертификати во моловите како и за излез од земјата.
Иако кај нас изгледа дека бројките се намалуваат, сепак многу земји се соочуваат со уште поза грижувачки скок на новозаразени.
Германија, во која живеат и работат многу Македонци, донесе одлука за олеснување на голем дел од мерките.
За првпат после две години маските не се задолжителни во продавниците, музеите, рестораните и училиштата – освен ако самите институции не одлучат поинаку.
Покраините сè уште можат да наметнат обврска за носење маски во лекарските ординации, домовите за стари лица и јавниот превоз и да вршат тестирање во училиштата.
Маските се уште се задолжителни низ целата земја во авионите и на подолгите патувања со воз.
Компаниите, продавниците и другите институции можат сами да одлучат дали ќе воведат обврска за носење маски.
Граѓаните веќе не мора да приложуваат сертификати, негативен тест или тест за преле жаност за посета на јавни места.
Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах е меѓу неколкуте политичари кои препорачаа маските да продолжат да се носат во затворени простории, иако повеќето мерки се укинати.
Бројот на заразени во Германија е сè уште висок, но веќе неколку дена се намалува.
Според статистиката вчера имало 128 639 нови случаи. Се верува дека вистинските бројки се уште поголеми бидејќи некои провинции не објавуваат податоци.